Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју на Ковачевски за „То вима“: ЕУ да ги започне пристапните преговори со С. Македонија и Албанија без одлагање

0
By Sashko on April 17, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина, проширувањето на Европската Унија (ЕУ) ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја стабилизира демократијата. Многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање, порача премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за грчкиот весник „То вима“, истакнувајќи дека особено во контекст на војната во Украина, важно е процесот да започне без ден одлагање, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто со наслов „Веднаш да започнат пристапните преговори со ЕУ“, направено по повод учеството на премиерот и владината делегација на Делфи форумот во Грција што се одржа од 6 до 9 април, Ковачевски говори за ЕУ перспективата, за бугарското вето, војната во Украина, но и последиците за нашата земја.

Премиерот порачува дека „НАТО и ЕУ треба да го задржат својот кредибилитет за да го зајакнат регионот“, а политиката на отворени врати е историски успех кој обезбедува мир и безбедност на целиот европскиот континент.

„Оваа политика мора да продолжи за да се обезбеди интеграција на регионот, безбедност и стабилност на Западен Балкан. Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина. Треба да ги надминеме регионалните спорови. Ова денес е прашање на безбедност, а не на економија. Проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста. Ќе ја стабилизира демократијата. Многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање“, вели премиерот.

Нагласува дека руските активности и во земјата и во регионот се идентификувани и следени, објаснува дека и во и вон Собранието кај нас постојат партии, „кои отворено ја изразија својата поддршка за Русија, а во исто време, во сајбер-просторот има значително присуство на организирани групи кои го поддржуваат рускиот напад и релативизирање на конфликтот што не треба да се потцени“.

„Овие напори имаат за цел да создадат дилема во однос на стратешката улога на НАТО и ЕУ во регионот, да ја нарушат довербата на граѓаните во овие стратешки одлуки на нашата земја“, додава премиерот.

Истакнува дека ако ЕУ покаже отсуство и слабост на Западен Балкан, „трети страни ќе имаат повеќе можности да ја пополнат празнината, која е од особено геостратешко значење“. Објаснува дека Северна Македонија веќе 17 години е земја кандидат и сè уште немаме започнато преговори „што се должи на предизвици што ја спречија нашата европска интеграција“.

„Но, ние и денес уште сме тука, бидејќи за нас нема алтернатива за членството во ЕУ. За нас тоа е прифаќање на највисоките западни демократски вредности и заложби за исполнување на европските стандарди во општеството и институциите. Пречката за почеток на преговорите на Албанија и Северна Македонија се чувствува во целиот регион како удар за Унијата. Недостигот на одобрување на преговарачка рамка губи драгоцено време. Важно е, особено во контекст на војната во Украина, процесот да започне без ден одлагање. Потребно е Северна Македонија да има кристална европска перспектива, да има предвидлив, сигурен, силен и забрзан интегративен процес“, истакнува премиерот.

На прашањето за бугарското вето и односите со Софија, вели дека постои добра комуникација со премиерот Петков и „искрена волја за решавање на спорот“.

„Формиравме работни групи во повеќе области и потпишани се меморандуми за разбирање, но и спроведени се суштински активности кои ги зближуваат нашите народи и ќе обезбедат социјален и економски развој. Го намаливме говорот на омраза на минимум и официјалната комуникација Софија – Скопје се развива со меѓусебно почитување и во духот на европските вредности. Ова беше клучот за смирување на тензиите за да работиме на заемно прифатливо решение. Верувам дека оваа нова рамка ќе ни овозможи да гледаме кон иднината и да ги решиме предизвиците што е можно поскоро“, вели премиерот.

Во однос на Договорот од Преспа, коментира дека двете Влади успешно ги спроведуваат обврските кои произлегуваат од договорот, постои редовна и постојана комуникација, се одржува политичкиот дијалог, енергетските проекти од регионално значење се финализираат и се привршуваат подготовките за отворање на нови гранични премини.

„Нашите односи претставуваат пример како се решава отворено билатерално прашање и се преточува во соработка, развој и просперитет. Грција останува еден од најважните и најактивните поддржувачи на нашиот европски пат“, истакнува премиерот Ковачевски.

На прашањето за воената соработка со Турција и загриженоста во Атина за неодамнешниот договор со Анкара, премиерот објаснува дека „Северна Македонија и Турција одржуваат долгорочна соработка во одбранбена соработка и потпишувањето на таков договор не е ништо ново“.

„Слични договори беа потпишани и имплементирани со години. Финансиската поддршка наведена во овие договори се користи за модернизирање и опремување на нашите вооружени сили од турската одбранбена индустрија. Договорот што неодамна беше потпишан е дел од околу 20-годишната билатералната одбранбена соработка и не може да стави во опасност одличната воена соработка со Грција“, истакнува Ковачевски.

За војната во Украина и последиците што ги носи, вели дека силно ја осудува руската инвазија, а војната треба веднаш да запре истакнувајќи дека „во 21 век разликите се решаваат на цивилизиран начин“ и додава дека во време на глобализација и меѓусебна поврзаност, „ниту една земја не е изолирана и сите сме повеќе или помалку поврзани и ги трпиме последиците“, а Северна Македонија не е исклучок.

Објаснува дека Владата била подготвена и веднаш реагирала за справување со ценовните шокови со 600 милиони евра мерки за помош на граѓаните и ранливите категории.

„Економската состојба е тешка, но без овие мерки ќе се соочевме со финансиска катастрофа. Во однос на политичката ситуација, Северна Македонија е членка на НАТО и нашите позиции се координирани со Алијансата. Во услови на тешка безбедносна дестабилизација, нашата земја ужива големи придобивки како членка на најсилниот политички и воен сојуз. Безбедност и нашиот територијален интегритет се загарантирани. Тоа е најважното нешто во моментот“, вели Ковачевски.

Во однос на енергетската криза, вели дека Северна Македонија како и други земји од Западен Балкан ќе бидат вклучено во платформата за заедничко набавка на течен природен гас (LNG) и водород, по заедничкиот договор САД – ЕУ, истакнувајќи дека „солидарноста во време на глобален предизвик за нас е исклучително важна.

„Нашата соработка со Грција за диверзификацијата е уште едно важно прашање. Двете Влади потпишаа договор за развој на интерконектор за гасовод. Причината за изградбата е зајакнување на односите меѓу Грција, Северна Македонија и ЕУ, олеснување на трговијата со природен гас меѓу двете земји и олеснување на натамошниот развој на мрежата за пренос на гас во нашата земја. Една од предностите на гасоводот е сигурноста на снабдувањето и ликвидноста на пазарот, како и снабдувањето со гас од Јужниот коридор. Изградбата ќе започне годинава, согласно процедурите. Дополнително, ќе се зајакне нашата енергетска инфраструктура и долгорочната стабилност на снабдувањето, а ќе се намалат трошоците за граѓаните и бизнисите, бидејќи ќе имаат пристап до поевтина енергија“, вели премиерот Ковачевски во интервјуто за „То вима“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.