НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Проф. д-р Илија Ацески: УКИМ – развеана зграда чии темели се нишаат

0
By Marija Todorovska on September 18, 2024 ИЗБОР, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката најави дека ќе истражува, ќе контролира и ќе затвора универзитети. Како можете да затворите универзитет? Што ќе правите со тие стотици и стотици студенти. Се создаде еден коруптивен систем на студирање и квалитетот се спушти на најниско ниво. Подолу мислам дека не може. Решението не е тоа што го предлага министерката: ќе истражуваме, па ќе затвораме универзитети па ќе работат комисиите за образование итн. Нужно е вреднување на дипломираните студенти.

Професорот не му посветува ни пет минути во текот на неговото студирање, се е формализирано на тестови, професорите не ги интересира ни предавања, ни квалитет.

Универзитетите да бидат автономни, независни. Државата не смее да се меша во универзитетската работа.

Марија Тодоровска

УКИМ е најстариот и најголем универзитет кај нас, има 24 факултети, 9 научни институти и 6 други научни установи.

Дека УКИМ се соочува со пад на квалитетот не зборуваат само различните рангирања, туку многу погласно зборуваат дипломираните студенти неподготвени за работа. Дипломираните студенти кои не можат да најдат работа, а и намалениот интерес за студирање. Средношколците или го продолжуваат високото образование во странство, најатрактивна засега е Словенија, или нивниот образовен пат завршува по матурирањето.

Но зошто и како некогаш престижниот УКИМ дојде до ова дереџе и дали лесно ќе ги искачиме скалите да се најдеме меѓу подобрите универзитети во светот?

Професорот Илија Ацески веќе петнаесетина години е дел од УКИМ. Тој го проучува начинот на негово функционирање. Почнувајќи од првите две дипломирани генерации по воведувањето на ЕКТС системот на универзитетот. Неговата идеја била по поминувањето на две дипломирани генерации, да се истражи ефектот од дотогашниот образовен процеси и да се осознае дали УКИМ има подобрување на квалитетот на студии.

Плод на неговите истражувања е неговиот научен труд „Универзитет на распаќе“, студија, книга за квалитетот на високото образование.

Нова: Како ја оценувате актуелната состојба на УКИМ кои се моментално главните предизвици на високото образование?

Ацески:  Квалитетот не само што не е подобрен, туку е урнисан за повеќе степени. Во меѓувреме  ВМРО кога дојде на власт тие почнаа процес на нагло отворање на приватни универзитети,  јас верував дека ќе се создаде една конкуренција и квалитетот на студирање ќе се подобри. Процесот тргна обратно. Можам да кажам дека до тој степен се урниса квалитетот на студирање што практично денес тоа што го доживуваме е масовно студирање, делење дипломи, никаква настава… Знаете на што личи УКИМ? Тоа е една зграда која е развеана, се нишаат темелите и како да ја санираме? Дајте да купиме многу добри прозорци …

Еве уште еден сегмент. На времето доаѓаа експерти да проучат што се случува на УКИМ. Во една пригода еден од нив и`постави прашање на библиотекарот : „Колку книги вие сте издале овој месец?“ Нејзиниот одговор гласеше: „три“. Тој месец, во време на испитна сесија, студентите од библиотеката позајмиле само три книги. Ете и тоа говори за квалитетот на студиите.

Сега често слушам „зошто ние да се ангажираме кога дипломираните ни бегаат од овде?“. Да, ама вие ќе го правите тоа за студентите без разлика дали тие ќе останат овде или не. Овде ако не му дадете квалитет кога ќе отиде таму, за него тоа ќе биде уште поголемо разочарување.

Нова: Што мислите за квалитетот на наставниот кадар на УКИМ?

Ацески: Кога говориме за квалитет на студии она што е за мене елементарно е дека се изгуби односот професор студент. Се формализира самиот процес на студирање. Сите на УКИМ ,скоро сите, 90 проценти, станаа редовни професори. Нема асистенти. Кога ќе се изгуби тој елементарен однос наставник – асистент или професор – студент, кога професорот на студентот не му посветува ни пет минути во текот на неговото студирање, се` е формализирано на тестови,а професорите не ги интересира ни предавања, ни квалитет. Тука лежи проблемот во суштина.

Нова: Министерката Јаневска најави ревизија на сите универзитети, колку е тоа можно и на кој начин?

Ацески: Министерката најави дека ќе истражува, ќе контролира и ќе затвора универзитети. Како можете да затворите универзитет? Што ќе правите со тие стотици и стотици студенти. Се создаде еден коруптивен систем на студирање и квалитетот се спушти на најниско ниво. Подолу мислам дека не може. Решението не е тоа што го предлага министерката: ќе истражуваме, па ќе затвораме универзитети па ќе работат комисиите за образование итн.

Нужно е вреднување на дипломираните студенти. Ако тој студент, кој дипломирал, не ги задоволува критериумите за струката, едноставно да се врати на факултет, да го доучи, а ако не сака, тогаш да си ги побара парите, односно трошокот кој што тој го имал 4 -5 години и тој дипломиран студент нема право на државна служба. Нема право да биде во институција која се финансира од буџетот. А, она што сега моментално се заговара, тоа ќе води до понатамошно коруптивно однесување во смисла дека ете ние правиме нешто, па ќе затвориме некој факултет. Особено приватните, а токму кај нив не е проблемот. Проблем е кај тие факултети кои се неквалитетни, а кај кои се студира масовно.

Нова: Како студентите ги доживуваат тековните образовни стандарди и квалитетот на нивното образование зашто, за разлика од лани, за 2.8% е намален бројот на студенти. Што мислите, на што се должи незаинтересираноста на младите да го продолжат своето образование?

Ацески: Сум правел истражување на некои институти на Филозофскиот факултет. Според нив, само 10 до 15% го работат она за кое што земале диплома. Другите 80 и повеќе отсто, не го работат тоа. Тоа е поразувачки.

И, на крајот на краиштата, што ќе им е диплома? Во краен случај, како што имав пример со еден студент од повозрасна генерација, му велам: оди купи си диплома од приватните факултети. И навистина, за две години тој имаше диплома од приватен факултет.  А еве, последниве три четири години, нагла незаинтересираност за студирање.

Нова: Како натаму, кои реформски промени се приоритетни македонскиот образовен систем да се стабилизира на подолг рок?

Ацески: Универзитетите мора да се автономни, независни. Државата не смее да се меша во универзитетската работа. Кој е тој што ќе рече вашите студиски програми не чинат. Има ли таков човек во државава? Државата треба да го вреднува трудот. Државата треба да го согледа резултатот. Ако резултатот не чини, тогаш ако станува збор за државен универзитет, ќе треба да се преземат мерки. Можеби ќе треба да намалат плати, да се затвораат некои факултети. А ако станува збор за приватен универзитет, тогаш тие студенти ќе го немаат правото да бидат на државна служба. При еден таков амбиент, за неколку години УКИМ ќе се најде на респектабилно ниво и на Шангајската листа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.