Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интимната исповест на една касиерка

0
By Биљана Секуловска on December 19, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред некој ден слушнав една приказна, прилично веродостојно сведоштво, случајно прислушкувано од некоја друга маса на мојот раскажувач, приказна која траела неполн час, никако наивна приказна, напротив, би ја нарекла сосема застрашувачка.

Нема сомнеж, оваа приказна сосема ја открива и заокружува причината зошто ВМРО-ДПМНЕ владее десет години и ако има правда и бога, според се што можете да чуете, тие треба да владеат многу повеќе отколку една обична воена хунта на, да речеме, обожуваниот диктатор од чилеанскиот народ, Аугусто Пиноче.

Ситуацијата се одвивала во некој кафич, опуштена на почетокот, а потоа разжестена, кога веќе се зовриваат политичките страсти- за тоа отприлика разговараат две пријателки, нашите ликови во оваа приказна.

Секој разговор завршува со политика, па така и нивниот, секоја интимна приказна е длабоко вкоренета и последица на политичките решенија и одлуки, се разбира дека е секогаш така. Само политички наивните (навредливо звучи да се наречат политички неписмени, иако се всушност тоа) веруваат дека ужасот или квалитетот од воздух не зависи од нечија политичка одлука, исправноста на водата за пиење, лебот кој се продава како црн а всушност е помешан со какао.

Или, да упростиме- нема поголем доказ за нечија судбина од политичките наредби од горе- тука и ја наоѓате причината зошто еден интелектуалец во немилост на власта носи скинати чорапи, а еден обичен криминалец, потпишан во македонските владини документи како политичар, е почитуван во општеството, заради што и се здобива со докторска титула, откако се друго било конфискувано од народот, во манирот на еден обичен друмски разбојник.

Секое запленување и окупација на животот на обичниот човек започнува со политички криминал, тоа секако дека се изборите, затоа што откако ќе ги лажирате, фалсификувате и отворате запечатените црните кеси со гласачките ливчиња, следната етапа на успеси доаѓа по дефиниција.

Тогаш, е токму тогаш, се здобивате со докторска титула за финансиски криминал, затоа што претходно сте докажале врвни вештини и квалификации во сите останати области во кои криминалот е првото и последно име на некоја дејност.

Но, да одиме со приказната, онаа на почетокот за која ви говорев, за двете дами кои седеле во некој кафич и преку голтките кафе ја раскажале траекторијата на владеење на оваа власт, на премиерот Груевски и молбите на едната дама се совпаѓаат со неговите- да бидат услишани од небото. Тоа се типични копнежи на секој водач на народ кој е зависен од нивните паѓања пред неговите коленици. И народот и самиот тој го гледаат сопствениот спас преку бесконечноста и бесмртноста на водачот- владеењето да заврши откако ќе дојде судниот час на нивната долговечност. За отприлика 40 години, најмалку, доколку е се во ред со нивното здравје и благословена судбина.

Значи, за нашата кафеанска сцена: една од соговорничките, ги славела успесите на оваа власт од петни жили: од барокните фасади, стотиците орнаменти и споменици распоредени на Плоштадот Македонија како послушна, на готовс војска за го одбрани лидерот, до бесплатните скијања и бањања за пензионерите, конечно се што може да се наплати на друг начин, а да биде претставено како гратис благодарност за молчењето на покорните и мизерните. Нашата дама во стил на политички едуциран граѓанин ги славела историските изговорени НЕ на Груевски- сите оние негови одбивања за одржување предвремени избори, за специјален обвинител кој би ги испитувал бомбите на Заев, односно прислушуваните ленти, како и за влез на СДСМ во Владата.

Груевски мора да остане на власт, затоа што овој народ заслужува најдобро, иднината негова е единствено важна и пресудна за мојата иднина- вака отприлика изгледало исповедувањето на нашиот централен лик, околу која се врти и зависи се- опстанувањето на оваа власт и на Груевски.

Мојот извор на овој ненамерно прислушкуван разговор го откри идентитетот на оваа млада борбена дама, која животот би го потрошила, никако залудно, во тоа таа верува, за одбрана на големиот лидер. Се работи за касиерка на паркинг, девојка која со ситни познанства и големи надежи влегла во Партијата на власт за да заврши како вработена, како корисен член на ова општество, можеби најквалификувана да опстане, според законитостите на природната селекција при истребување на врстите, во која приматот го имаат исполнувањето и извршувањето на граѓанските должности и обврски, според Манифестот на потребите на власта.

Сега почнете математички да ја решавате оваа филозофија на преживување на народот.

Секое семејство има барем еден примерок од оваа класификација на највештите во опстанокот, од кој зависи членската книшка на партијата на власт. Ниту еден од нив нема блиски, роднински или пријателски релации со Груевски, но секој од нив, и најмалото делче од секоја пора на кожата дише за Водачот.

Да се живее за Лидерот, значи да се преживее за себе, да се брани тесната кожа на Груевски, значи исклучиво само едно- да се одбрани правото на живот, што ако тој живот подразбира дишење канцероген воздух, немање лекови за рак и леукемија, неплатени сметки и кредит за храна, но сепак, тоа исто така значи да се помине векот. И тоа право никој не смее да им го одземе.

Секое гласање за опозицијата, во свеста на нашата гостинка во оваа приказна значи касиерка помалку на некој државен паркинг, амбасадорка- воспитачка во градинка помалку, министер- доктор за финански криминал помалку, или да поедноставиме, апокалипса за овој народ.

Партијата го дава правото на живот и партијата може да го одземе, тоа е слоганот со кој се владее скоро десет години. Конечно, какви се шансите за нова ДНК на нашата касиерка, за нов живот надвор од партиските канџи? Некогаш, не велам наскоро, но некогаш, некоја нова власт ќе го стори тоа. Нашата касиерка мора да знае дека некаде и некогаш животот подразбира навистина живеење, но кој да и каже, кој да знае дека требало со особено внимание да се слуша интимниот разговор на двете пријателки од нашава приказна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.