Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Инженерингот” викан народ

0
By Нова ТВ on October 26, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа

Груевски пак се појави на монтирана телевизиска емисија, со листови пред себе со готови одговори за нарачаните прашања изговорени од еден “новинар” кој делуваше како да е делумно нем со тоа што знаеше само да ги прочита нарачаните прашања а не и да постави барем едно непланирано потпрашање. Сепак, интервјуто беше интересно да се следи за да се дознае каде Груевски ги гледа причините за дебаклот доживеан на 15 Октомври, кога преку ноќ ја изгуби власта речиси во сите општини, дури и во оние кои години по ред беа бастион негов и на неговата партија.

Првата причина Груевски ја нарекува “изборен инженеринг” и убедено тврди дека тоа што му се случи пред десетина дена не е негов личен дебакл како лидер на политичката партија која изгуби најмногу гласови на овие избори, туку тоа било голема проневера, изборна манипулација на гласовите на граѓаните, безмилосна кражба на неговите гласови кои бесправно завршиле во контото на СДСМ која беше апсолутен победник на овие избори. Ваквиот “инженеринг”, според Груевски, поминал преќутно дури и пред меѓународните набљудувачи во чии очи се гледало дека одлучиле да толерираат ваков злочин.

Да кажеш дека меѓународните набљудувачи на ОБСЕ-ОДИХР толерирале таква голема “измама” и да се потрудиш на тој начин да го прекриеш својот вистински неуспех е големо и бесрамно лицемерие. Интересно е како истиот тој Груевски кој претходно кажуваше дека народот ќе го каже своето на 15 Октомври избирајќи кој ќе го води, сега зборува за “инженеринг”, и не верува никако дека токму тој народ кој цели 11 години гласаше за него на крај се предомислил и гласал за некој друг. Дел од народот се предомислил, бидејќи тој продолжува да има преку 300.000 гласови, што не е мала бројка ниту за овие избори. Истовремено, има уште многу други (меѓу нив очигледно и многу Албанци) што не му замеруваат на Груевски за тоа што сите не донесе на работ на уништувањето од што се извлековме со големи маки и со сериозни последици.

Втора причина за дебаклот на овие избори Груевски го смета “неприродниот” обид да ја омекне неговата позната и брендирана антиалбанска реторика. “Се потрудивме да му се допаднеме на некој друг” се изрази тој пред немиот новинар. Со други зборови, тој сакаше да каже дека во оваа кампања тој и неговата партија не поттикнаа доволно омраза, како што тоа беспрекорно го правеа порано, и ова им кошташе 150.000 изгубени гласови заради тоа што се потрудија да се зближат со Албанците, наоѓајќи и такви што не им пречеше да бидат дел од советничките листи на еден нереформиран политички субјект кој се обвинува за заробување на државата.

Значи сепак, криви му се Албанците, и тоа двојно криви: не само што не поверуваа во неговата преиначена предизборна реторика, туку воедно, заради неуспешниот обид за зближување со нив, Груевски изгуби македонски гласови, од тие изворните, од тврдокорните кои силно веруваат во универзалните “вредности” на меѓуетничката омраза.

Воопшто не ме чудат зборовите на Груевски, бидејќи човекот кој изгубил контакт со реалноста, како што го чувме да потврди и неговиот поранешен “благајник”, не може да разбере дека дошол крајот на неговата политичка кариера и од него се очекува да отстапи место на суштинските реформи во политичкиот субјект што на овој начин го води до целосно уништување. Мене ме чуди како некои политичари или “опинион-мејкери” се во можност се да му простат и уште да ги чуваат неговите лични интереси.

Во политиката има едно правило кое вели “Не го следи “мртовецот”, бидејќи тој ќе те носи со себе”. Затоа се чудам како уште има Албанци кои зборуваат за “сатанизација” на ВМРО-ДПМНЕ и искажуваат незадоволство зошто некои албански политички партии не можат отворено да коалицираат со таква нереформирана партија, принудејќи се да направат скриени коалиции. Едноставно не ми е јасно како може да се оправдува тоа што Груевски го правеше во минатите години и уште истиот да се смета за важен политички фактор во земјата, во овие времиња на промени.

Вториот круг на овие локални избори ќе покаже дефинитивно каде е местото на оваа партија се додека истата не одлучи суштински да се реформира. Овој круг исто-така ќе покаже каде е местото на Груевски во местата каде живеат Албанци. Дали Албанците ќе одлучат да го следат “мртовецот”, дали ќе дозволат “мртовецот” да ги следи, или пак еднаш засекогаш ќе се ослободат од истиот?!

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.