Заклучокот е дека недозволиво голем број на проектили погодиле важни цели и ова ќе биде голема лекција за израелската противвоздушна одбрана но и насока за иранските вооружени сили за евентуалните ранливи точки на еврејската држава
Иранскиот напад со балистички ракети врз Израел покажува во пракса што значи “заситување” (saturation) и “преплавување” (overwhelmed) на непријателската противвоздушна одбрана
Израел има три клучни системи за противвоздушна одбрана: ‘Железна купола’ (Iron Dome) пресретнува ракети земја-земја со краток дострел во долниот слој, ‘Давидов чатал’ (David’s Sling) пресретнува ракети земја-земја со краток до среден и со среден до долг дострел (среден слој), и ‘Стрела 2 и 3’ (Arrow 2 and 3), пресретнува ракети со среден до долг и долг дострел (горен слој)
Според информациите во одбраната од овој ирански напад учествувале и силите на САД во регионот.но очигледно тоа не беше доволно за успешна одбрана во задоволителен процент
Според израелските вооружени сили Иран истрелал околу 200 ракети, според неофицијални информации тој број е значително поголем, и според она што можеме да го видиме територијата на Израел е погодена со голем број проектили во досега невиден број на погодоци
Колку од тие импакти преставуваат погодоци во посакуваната мета е друго прашање. Од она што може да се види, има погодоци барем на еден израелски воен аеродром, базата ‘Тел ноф’ каде за време на нападот биле сместени два сквадрона на
Ф-15Ц/Д “Орел “мултифункционални борбени авиони, но нема податоци за штетата направена на аеродромот
Јасно е дека израелската противвоздушна одбрана во случај на “заситување” (saturation) на системите се обидела да нападне приоритетни цели, да ги заштити стратешките објекти и да ги пропушти проектилите кои би паднале на отворено или би погодиле “меки цели” (soft targets)
Сепак заклучокот е дека недозволиво голем број на проектили погодиле важни цели и ова ќе биде голема лекција за израелската противвоздушна одбрана но и насока за иранските вооружени сили за евентуалните ранливи точки на еврејската држава
Од Фејсбук ѕидот на авторот