Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ископана огромна статуа на Рамзес Втори во Египет

0
By Marija Todorovska on March 6, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заеднички египетско-американски тим археолози го откри горниот дел од џиновска статуа на фараонот Рамзес Втори, за време на ископувањата јужно од градот Миња во Египет, соопшти тамошното Министерство за туризам и антиквитети.

– Блокот од варовник е висок околу 3,8 метри и го прикажува Рамзес седнат со двојна круна на главата и наметка со владетелска кобра, појасни Басем Џихад, раководител на египетскиот дел од тимот.

Големината на статуата споен со нејзиниот одделен долен дел, којшто е ископан пред неколку десетлетија, би достигнала околу седум метри. На горниот дел од задниот столб на статуата се прикажани хиероглифски натписи што го воздигнуваат фараонот, инаку еден од најмоќните владетели на Древен Египет, познат и како Рамзес Велики. Тој бил третиот фараон од 19. египетска династија и на престолот бил од 1279. до 1213 година п.н.е.

– Истражувањата потврдија дека горниот дел од статуата се совпаѓа со претходно откриениот долен дел забележан од германскиот археолог Гинтер Родер во 1930 година. Мисијата почна со чистење и подготовка на блокот пред да се моделира како ќе изгледа статуата кога ќе се спојат двата дела, изјави Мустафа Вазири, управител на египетскиот Врховен совет за антиквитети.

Историскиот град Ел Ашмунеин, на западниот брег на реката Нил, бил познат во древноста како Кемну, а во хеленистичко-римската ера бил главен град на областа Хермополис Магна.

Древен Египет Египет Рамзес Втори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.