Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исповед на новинарката Станковиќ, “Инсајдер”: Животот ми е пекол

0
By Нова ТВ on December 7, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Новинарката Бранкица Станковиќ, која што ја водеше емисијата „Инсајдер“, за „Ал Џезеира“ раскажа како се чувствувала кога и било речено дека е купена снајперска пушка со која треба да биде убиена.

-Мене ми е јасно дека ние кога е во прашање „Инсајдер“, влеговме во „конфликт“ со многумина, но не можев ниту да претпоставам дека животот ќе ми стане ваков пекол. Мислам дека ние со емисијата, без оглед на се, направивме многу за Србија. Колку тоа државата го гледа, не сум сигурна, но знам дека сепак нешто се менува-вели Станковиќ.

Таа додава дека својата работа ја извршувала најдобро што можела и дека не и е жал за ништо. Нејзината книга „Инсајдер, мојата приказна“ е продадена во рекордно време.

–Во книгата ги напишав сите полициски податоци за кои мораше да молчам. Тоа се информации кои што ги добивав од луѓе од полицијата, од службените извештаи кои официјално се запишани, а не од луѓето од улиците. Ми рекоа дека за тоа не смеам да зборувам, бидејќи е опасно и дека тие држат се под контрола, но јас сепак решив се да обелоденам. Првин се наведуваше името на Лука Бојовиќ. Кога тој беше уапсен, јас бев убедена дека ќе ми биде укинато обзбедувањето. Меѓутоа тоа продолжи, бидејќи ми рекоа дека тој не е на врвот на пирамидата – објаснува новинарката.

Таа веќе четири години, има дваесет и четиричасовно полициско обезбедување поради заканите кои што ги добила, за темите на кои работела во емисијата „Инсајдер“.

Како што вели, верувала дека обезбедувањето ќе трае додека траел серијалот за хулиганите, но излегло сосема поинаку.

Луѓето кои живеат со обезбедување, со време се навикнуваат на тоа. Кај мене не е така.

Обезбедувањето е со мене кога ќе излезам од станот, а не се со мене кога ќе влезам внатре. Кога сум дома тогаш е тука другата патрола која е пред влезот. Јас ниту смет не можам да изнесам сама- истакнува авторката на „Инсајдер“ и додава дека веќе долго време ја нема својата слобода.

Таа имала идеја да избега од обезбедувањето, но пријателите ја предомислиле. Наспроти се Бранкица за својот живот вели дека не е нормален, но и дека нема одговор на прашањето зошто продолжува да открива приказни кои политичарите сакаат да ги сокријат.

-Мој одговор е дека емисијата ќе продолжи, иако јас не работам онака како што работев до сега. Секако дека кога првпат добив обезбедување, помислив да се откажам од работата. Не затоа што бев исплашена, туку поради тоа што не можам со луѓето од обезбедување да одам да снимам емисија, тие да ги гледаат моите извори, кои теми ќе работиме и слично. Но уредниците ми предложија да ја прошириме екипата и јас се согласив, вели Станковиќ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.