„Само паднав и повеќе не се сеќавам на ништо“, вели Александар, еден од повредените рудари во експлозијата што утрово се случи во рудникот „Соко“ кај Сокобања во Србија, пренесува блиц.рс.
Тој, како што наведуваат „Новости“, во моментот на експлозијата се наоѓал во транспортер.
Владица Вучиќ кој, исто така, со години работи во рудникот е хоспитализиран во болницата во Алексинац.
„Работев во непосредна близина на местото на кое се случи експлозијата. Ме влечеа со ленти за да ме изнесат надвор. Само на тоа се сеќавам“, вели Владица кој по укажаната медицинска помош вели дека се чувствува добро.
Во несреќата утрово загинаа осум рудари – Дарко Златковиќ (1979 година), Ненад Тривунац (1985), Петар Петровиќ (1991), Радован Груиќ (1975), Бранко Чокирило (1966), Бранислав Златановиќ (1967), Братислав Живковиќ (1963) и Бојан Стаиќ (1988).