Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иста мета – исто растојание

0
By Zoran Ivanov on December 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интеграции во ЕУ, не во Отворен Балкан – за столче на масата во Брисел, а не за шанк на вински саеми во Белград, да бидеме кристално јасни.Едноставно, за да стане европска, но и суштински евроатланска – Северна Македонија мора да престане да биде „бивша југословенска република“ безбедносно, економски, медиумски. … – и партиски.

Ивон Величковски

И пред и по Европскиот совет: Иста мета – исто растојание. Односно recoupling-от со Албанија и преговорите за членство во ЕУ се на дофат – кога ќе решиме дека ги сакаме.

Пораките од Кос и Коста пред Самитот на Европскиот совет и Западниот Балкан, како и Декларацијата по Самитот се конзистентни и координирано едногласни:

– исполнувањето на обврските зависи од земјите-кандидати,

– поддршката за економски раст и приближувањето на кандидатите до европските економски стандарди е (финансиски) конкретна низ Берлинскиот процес, и

– определбата на ЕУ за проширување е недвосмислена.

Ова е кусо резиме и за ова патување на владината делегација во Брисел и за следните.

Во однос на Северна Македонија, непристапувајќи кон премостување на блокадата што Владата на Мицкоски ни ја наметна во преговорите со ЕУ – Самитот потврди дека Преговарачката рамка е:

– јасниот пат кон полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ, и

– гаранција дека отворањето на поглавјата од преговорите, исполнувањето на обврските и затворањето на поглавјата всушност е ослободено од билатералност.

Ако се суди според видливото отсуство на нашиот државен врв на отворањето на обновената Богородична црква во Париз – овие пораки веќе му биле соопштени на Мицкоски на неговата минатомесечна средба со Макрон. А тогаш таа средба не била ниту пријатна.

Попрецизно: Преговарачката рамка е компромисот што на секоја земја-членка (вклучително Бугарија) и ускратува наметнување барања во пристапниот процес кон Северна Македонија вон пристапните и критериумите за членство во ЕУ, а на Скопје му наметнува јасен избор дали е кандидат за членство во ЕУ или во „српски свет“.

Затоа и унгарското претседателство немаше капацитет, сила ниту потреба да испорача нејзина промена во спротивставеност со Париз и Брисел. Како што и полското претседателство, посветено на безбедноста на ЕУ во нејзините различни (а поврзани) аспекти, нема потреба да се задлабочува во барање решенија за нешто што зависи само од – нас.

Оттука објаснувањата на премиерот Мицкоски во манирот а-ла Вучиќ за тоа кој, што и како зборувал неформално – се непријатно небитни.

На страна што од неговите соговорници се превенирани со изјави што „нежно“, но јасно го демантираат или, уште полошо, со отсуство на изјави со што го игнорираат.

Добра вест е што сето ова создаде нова динамика на внатрешните процеси во политичко Скопје.

Владиниот кампус останува фокусиран на локалните и предвремените парламентарни избори за да ја задржи теренската доминација во електоратот во целост и фрагментирано – на ВМРО-ДПМНЕ над останатите партнери во Владата, на ВЛЕН во корелација на односите меѓу партнерите во самата коалиција.

Во ова на власта и користи „поддршката“ од опозицискиот кампус во кој борбата е за „доминација“ во опозицијата (со истите кадри) како 2008-15, а не за ЕУ-преговори во 2025.

Сето ова природно произведува нови политички групирања во кои партнерите од Владата 2017-24 со ваква политика можат да ги прераспоредуваат партиските ренегати „од шупливо во празно“ – или да и се нудат на Владата за малцинско партнерство.

Тоа веќе создаде поларизација различна од посакуваната (ВМРО-ДПМНЕ vs. СДСМ и VLEN vs. BDI) – традиционалните партии се на едната страна и „чекаат подобро решение“, а ние останатите сме на другата страна, подготвени на нови политички сојузништва за следните цели:

– продолжување на преговорите со донесување на уставното дополнување и recoupling со Албанија до јуни 2025,

– нов импулс во борбата со корупцијата низ Закон за ветинг во партиите, институциите и медиумите и дополнет Закон за примена на рестриктивните мерки, и

– барање поддршка за нашата и земјите од регионот од Париз до Атина и Софија и од Лисабон до Варшава и Хелсинки за интеграциите на регионот.

Интеграции во ЕУ, не во Отворен Балкан – за столче на масата во Брисел, а не за шанк на вински саеми во Белград, да бидеме кристално јасни.

Едноставно, за да стане европска, но и суштински евроатланска – Северна Македонија мора да престане да биде „бивша југословенска република“ безбедносно, економски, медиумски… – и партиски.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

ивон величковски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.