Поединци кои ја истакнуваат буквата Z во Германија како симбол за поддршка на руската војна во Украина би можеле да бидат обвинети, изјави денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи.
„Буквата Z како таква, се разбира, не е забранета, но нејзината употреба во поединечни случаи може да претставува одобрување на руската воена агресија“, истакна тој.
Буквата Z се користи како ознака на руските воени возила што учествуваат во конфликтот и усвоена е од Русите кои ја поддржуваат војната, при што е истакната на знамињата и на митинзите за поддршка на Кремљ.
„Руската агресивна војна врз Украина е криминален чин и оној кој јавно ја одобрува таа агресивна војна, може да биде кривично гонет“, рече портпаролот на Министерството за внатрешни работи на редовната прес-конференција.