Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истече рокот за пријавување: Четворица кандидати ќе се “борат” за лидерската позиција во СДСМ

0
By Ivana on December 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истече рокот за поднесување кандидатури за претседател на СДСМ, а во трката за прв човек на “тронот” во владеачката партија и заменик на сеуште актуелниот лидер, Зоран Заев, влегуваат четворица кандидати.

Кандидатури во СДСМ стигнаа од поранешната потпретседателка на партијата Фросина Ременски, заменик министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски, Властимир Алексовски кој е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово, а денес само неколку часа пред истекот на рокот, кандидатура за претседател на СДСМ поднесе и Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

До Централната изборна комисија, Деспотовски ја достави и неговата програма „Концепт 28“ во која според Деспотовски фокус се луѓето. Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани, а програмата „Концепт 28“ нуди поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките.

– Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година, стои во програмата на Деспотовски која што е доставена.

Ковачевски и Ременски кандидатурите за претседател на СДСМ ги поднесоа во средата, а Алексовски вчера.

Ковачевски ја достави и програмата „Заедно, одговорно и посветено“ по што на својот фејсбук профил напиша дека „во време на предизвици со кои се соочува македонското општество одговорно е да се преземе чекор, да се делува“.

Да ја направиме СДСМ ефикасна, организирана и посветена на решавање на проблемите. Заедно, одговорно и посветено. -Граѓаните бараат работа, решенија и многу одговорност. Tреба да извлечеме поуки и да направиме сериозни промени за да ја вратиме довербата, да го обединиме членството и брзо да се вратиме на победничка патека. За ова да го постигнеме мора да поставиме стручни и посветени луѓе на сите позиции кои ќе донесат вистинска промена и ќе работат одговорно. Верувам дека само вака ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, но и дека ние како држава можеме и умееме сами. Мој приоритет ќе биде домашната политика, ефикасно работење и реализација како и подобрување на економскиот стандард на граѓаните, наведе Ковачевски.

Ременски, пак, очекува натпревар на умови и идеи.

 

– Драго ми е што оваа прва кандидатура внесе силна и решителна женска енергија во деновите на женскиот активизам кога сите ние се бориме против секаков вид на насилство, говор на омраза и дискриминација на жените воопшто, па и во политиката. Ќе покажам дека СДСМ може да победува со женска енергија и дека политиката не е само машка работа. Таа е повеќе од уметност на менаџирање со ставови и храбри идеи во кои жените се вистински мајстори и пионери. Очекувам натпревар на умови и идеи со цел која мора да ги надмине нашите партиски граници и ќе значи тежнеење кон доброто на државата и на граѓаните – единство и слобода помеѓу сите граѓани без разлика на нивната партиска, етничка, верска и било каква друга припадност, напиша Ременски на својот фејсбук профил, образложувајќи ја кандидатурата.

Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово, а како што соопшти СДСМ, по анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно Правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала.

Согласно Статутот, СДСМ го избира претседателот на партијата на непосредни, вонредни внатрепартиски избори. Со Одлука на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори се распишани и ќе се одржат на 12 декември 2021 година (недела).

Постапката за кандидирање почна на 27 ноември 2021 и ќе трае седум дена. Право на кандидатура имаа сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно Статутот на СДСМ.

Според него за претседател на СДСМ може да се кандидира лице кое има најмалку пет години членство во партијата и кое најмалку еднаш било избран од Конгресот за член на некој од партиските органи. Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.