НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Историја на аферата „Телеком“ – што виде Њујорк, а не виде Скопје

0
By Борјан Јовановски on September 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Аферата „Телеком“ ја отвори американскиот закон познат како Foreign corrupt practices act усвоен во САД во 1977 година со цел да ги спречи бизнисмените кои оперираат во Америка да корумпираат странски политичари кои пак им помагаат на таков начин на компаниите да обезбедат поповолни позиции на своите бизниси на американските пазари од хартии за вредност.

Овој акт вели дека претставува кривично дело доколку било која компанија која е резидент или оперира во САД плаќа мито на официјални претставници на странски влади. Во друг член на актот пак, се предвидува дека секоја компанија која оперира во САД доколку плаќа мито на странски партнери е должна тоа да го регистрира во своите финансиски извештаи. Врз база на тој извештај потоа се утврдува сумата пари која компанијата треба да ја плати на државата како казна којашто се дефинира во граѓанска постапка.

„Дојче Телеком“ е еден од трите најголеми оператори во САД и е сопственик на 60% од акциите во „Маѓар телеком“. Како таква „Дојче Телкеком“ е регистрирана на њујоршката берза.

Скандалот го отвора внатрешна ревизија извршена во „Маѓар телеком“. Во извештајот на ревизорот се откриваат сомнителни финансиски трансакции извршени по основ на консултантски услуги.

Истрагата и конечното откривање на тајните протоколи беше резултат на
рутинска ревизија од страна на „Прајсвотерхаус Куперс“, компанија која се грижеше за сметководството на Маѓар Телеком и која откри два договори од 2005 година чија „природа и деловни цели … не се лесно видливи”, се вели во извештајот што ќе биде поднесен до надлежните органи во САД од страна на „Маѓар Телеком“ во 2009 година.

Во февруари 2006 година комисијата за ревизија во телекомуникациската компанија ја задолжи адвокатската фирма „Вајт & Кејс“ да го испита случајот. Фирмата откри дополнителни сомнителни договори. Таа, исто така, објави дека некои вработени во „Маѓар Телеком“ ги уништиле документите за кои адвокатите се надевале дека ќе ги искористат во нивната истрага.

Комитетот за ревизија нареди една поширока внатрешна истрага. Таа комисија во 2009 година заклучи дека високи извршни директори на „Маѓар Телеком“ и „Македонски телекомуникации“ одобриле исплата на 24 милиони евра за над 20 сомнителни договори.

Договорите наводно биле за услуги како што се консултации и лобирање. Но, всушност, нема докази дека таква работа била извршена во тој временски приод или на тој начин.

„Доказите покажуваат дека спротивно на нивните услови одреден број од овие договори биле склучени за да се добијат конкретни регулаторни и други придобивки од Владата на Македонија”, се вели во извештајот на компанијата.

Овој извештај на „Маѓар Телеком“ автоматски влегува и во завршните извештаи на „Дојче Телеком“ како сопственик на мнозинскиот пакт акции во „Маѓар Телеком“ кој пак согласно американските прописи треба да биде доставен до надлежните органи во САД.

И „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“ соочени со органите на истрагата во САД признаваат дека е платено мито и се обидуваат да се нагодат со Агенцијата за хартии од вредност и Стејт департментот во граѓанска парница каква што е предвидена со Foreign corrupt practices act во едниот негов член во кои ова се третира како граѓански прекршок доколку митото е дадено на странски државјани.

„Маѓар Телеком АД, унгарскa телекомуникациска компанија, и Дојче Телеком, германската телекомуникациска компанија и мнозински сопственик на „Маѓар Телеком“ се согласија да платат комбинирана кривична казна од 63.900.000 УСД за разрешување на истрагата на активности на „Маѓар Телеком“ и неговите подружници во Македонија и во Црна Гора според Законот за странски коруптивни практики “, се вели во изјавата на помошникот јавен правобранител Лени А. Броер од Кривичниот оддел под Министерството за правда и Јавниот обвинител на САД Нил Х. Мекбрајд за Источната област на Вирџинија.

Оваа одлука дојде по сознанијата на истражните органи во САД врз чија основа е покрената кривична пријава која со три обвиненија го товари „Маѓар Телеком“ кои се однесуваат на плаќање мито и лажно прикажување на финансиски извештаи.

По утврдувањето на деталите во обвинението „Маѓар телеком“ ја користи можноста која ја дава законот во САД за склучување на договор за таканаречено одложено гонење.

Во тој контекст „Маѓар Телеком“ се согласи да плати казна од 59.600.000 американски долари за својата нелегална активност како и да спроведе реформи во начинот на своето финасиско работење и известување со кои би се санирале утврдените проблеми.

Според судските документи, инкриминацијата на Маѓар Телеком е дека во Македонија успеал да си обезбеди позиции на нелегален начин кои пак на оваа компанија исто како и на нејзината компанија мајка им овозможиле лажно засилување на позициите на њујорошката берза. Оваа позиција , сметаат американските истражни органи, произлегла од потенцијалните правни промени што биле направени на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Како што се вели во еден од документите, во почетокот на 2005 година, македонската влада се обидела да го либерализира македонскиот телекомуникациски пазар на начин што „Маѓар Телеком3 сметал дека ќе биде на штета на својата македонска подружница „Македонски Телекомуникации АД Скопје (МакТел)“. Во текот на зимата и пролетта 2005 година, директорите на „Маѓар Телеком’, со помош на грчки посредници, лобирале меѓу претставници на македонската влада за да го спречат спроведувањето на новите телекомуникациски закони и прописи.

„Маѓар Телеком конечно влегол во договор со некои високи претставници на македонската влада за да ја разреши својата загриженост во врска со законските измени. Во тајниот договор, односно т.н. „Протокол за соработка“, претставници на македонската влада се согласиле да го одложат давањето на лиценца за трет мобилен оператор на македонскиот телекомуникациски пазар, како и други регулаторни бенефиции.

Директори на „Маѓар Телеком“ потпишале две копии на протоколот за соработка, секој со високи претставници на различни владејачки партии на Македонија. Директорите на „Маѓар Телеком“ потоа ги зачувале потпишаните копии на договорите надвор од евиденција на компанијата Маѓар Телеком“, се вели во соопштението на јавниот правобранител Лени А. Броер од Кривичниот оддел под Министерството за правда и Јавниот обвинител на САД Нил Х. Мекбрајд за Источната област на Вирџинија.

Според судските документи, со цел обезбедување на бенефициите во протоколот за соработка, директорите на Маѓар Телеком се консултирале со консултанти, посредници и други трети страни, вклучително и преку лажни договори за консултантски услуги со субјекти во сопственост и контрола од страна на грчки посредник , да се платат 4,875 ЕУР (околу 6 милиони УСД) во околности во кои тие знаеле или биле свесни за постоењето на голема веројатност дека целата или дел од оваа сума ќе бидат пренесени на македонски функционери, се вели понатаму во оваа соопштение.

Лажните договори биле евидентирани како легитимни во евиденцијата на „МакТел“ и биле консолидирани во финансиските извештаи на Маѓар Телеком. „Дојче телеком“, во чија сопственост биле околу 60 проценти од „Маѓар Телеком“, ги соопштил резултатите од работењето на „Маѓар Телеком“ во своите консолидирани финансиски извештаи, се вели во соопштението потпишано од јавниот правобранител Лени А. Броер од Кривичниот оддел под Министерството за правда и Јавниот обвинител на САД Нил Х. Мекбрајд за Источната област на Вирџинија, а со кое се информира јавноста за склучените договори меѓу американскте власти и компаниите „Маѓар телеком“ и „Дојче телеком“.

И покрај договорите со кои двете компании се согласуваат да платат казна за неправилното и противзаконско работење, Комисијата од хартии за вредност на САД на 29 декември 2011 решава да покрене кривично гонење против тројцата директори во Маѓар телеком.

Во обвинението се вели:

„Комисијата за хартии од вредност тврди дека тројца високи извршни директори на Маѓар Телеком АД. оркестрирале, одобриле, и извршиле план за поткуп на македонски функционери во 2005 и 2006 година за да се спречи воведувањето на нов конкурент и да се добијат други регулаторни бенефиции. Подружници на Маѓар Телеком во Македонија извршиле незаконски плаќања од околу 6 милиони УСД под превез на лажни договори за консалтинг и маркетинг услуги” се вели во ова соопштение.

„Високи извршни директори на Маѓар Телеком се користеле со лажни договори во коруптивни исплати на странски функционери кои можеле да им помогнат да ја спречат конкуренцијата и да задржат повластена позиција “, рече Кара Новако Брокмејер, Раководител во Комсијата за хартии од вредност.

Според оваа изјава тие свесно изготвиле лажни договори за ја заобиколат внатрешната ревизија, а кога конечно се поставиле прашања во врска со нивната употреба на „консултантски“ договори, тие ги пренамениле како „договори за маркетинг услуги“ за да избегнат контрола и да ја продолжи нивната сплетка“.

Тројцата поранешни високи директори на Маѓар Телеком обвинети за организирање на шемите за поткуп се:

• Елек Штрауб, поранешниот претседател и извршен директор.

• Андраш Балог, поранешен директор за централна стратешка организација.

• Тамаш Морваи, поранешен директор за бизнис развој и преземања.

Постапката по оваа обвинение се води пред судот во Њујорк. Неодамна судот на својата интернет страница го обелодени сведочењето на Слободан Богоевски како исказ на еден од сведоците во оваа постапка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.