Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрагата се води во институциите, а не во јавноста и медиумите, порача Спасовски

0
By Ivana on November 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали се приведени некои лица во врска со автобуската несреќа во Бугарија, јавноста ќе биде информирана во соодветен момент, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што соопшти Спасовски, лицата се достапни, тука се и се разговара со нив врз основа на наредби од Јавното обвинителство (ЈО). Пронајдено е нешто и во компјутерите што беа одземени од туристичката агенција, но и тоа се факти кои ќе ги анализира ЈО.

Деталите не може да се кажат сега, потенцира министерот, зашто истрагата се води во органите, а не во медиумите.

– Ќе има разговори и со патници од другите автобуси кои вечерта биле во таа група. Но, се чекаат наредбите и врз основа на нив ќе постапуваме зашто сè што не се прибира како материјал согласно наредба на надлежните органи, не се користи како доказ. Веќе се прибираат вакви податоци од ЈО преку МВР, потенцира Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која неа и министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Бујар Османи и Благој Бочварски.

Според него, се знае кога пристигнале останатите автобуси во државава, но не се влезени сите во конвои.

– Има точна временска рамка кога пристигнале и кои патници. Сите тие податоци се достапни и се во Обвинителството, рече Спасовски.

Тој порача за фактите околу оваа и сите други истраги, да се слушаат само надлежните органи.

– Истрагите се водат во институциите, а не во јавноста. Слушајте ги официјалните информации што се пренесуваат од страна на надлежните органи, се друго е шпекулација. Ако сакаме да имаме информации и факти, треба да ги слушаме надлежните органи, напомена министерот.

Тој дополни и дека сè што е побарано од бугарскиот истражен тим како податок, документ, материјал или информација, е прибрано и доставено.

Спасовски информира и дека е заведен посебен предмет во Обвинителството за да бидат утврдени сите аспекти поврзани со правното лице и да има одговорност.

– Заведен е посебен предмет во Обвинителството кој треба да ги утврди сите факти и докази кои се во корелација со несреќата и со незаконското работење на компанијата. Заведовме и посебна оперативна обработка која нема да се однесува само на една компанија, туку на сите фирми и институции. Ќе се прават проверки за секој аспект: од добивање лекарски уверенија на возачите до добивање лиценци. Секаде каде што ќе се утврдат пропусти и неправилности, ќе има одговорност, истакна Спасовски.

Во однос на одговорноста, тој го впери прстот и кон одолговлекувањето на постапките.

– Одговорноста е едно од најважните прашања. Многу е важно да имаме ефикасни постапки. Сметам дека не само интуициите кои постапувале пред истрагата или во истражната постапка, туку и во рамки на судските постапки треба да биде динамично. Ако тоа не е случај, а гледаме дека со Ласкарци тоа не е случај, ќе треба да се носи и друга одговорност. Секој од нас нема да верува во системот во кој има одложување на правдата. Затоа ќе мора час поскоро сите институции да бидат ставени во функција за да има конкретна одговорност. Инаку, сите контроли, постигнувањето добри резултати во однос на жртви и повреди, сиот кредибилитет го рушат еден или два случаја со загинати и постапки кои се одолговлекуваат во судските лавиринти, рече Спасовски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.