Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

0
By Marija Todorovska on May 17, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со комбинација на неколку гени од двајцата родители. На пример, има најмалку 700 секвенци во генетски код на една личност коишто може да влијаат на висината, кожа, бојата на косата и очите итн.

Иако повеќето наследени гени се пренесуваат од двајцата родители, некои особини се типично и директно поврзани со мајката. Следат неколку примери.

Знаците на стареење

Како што старее, на човековото лице се појавуваат брчки – на челото, кај устата итн. Тоа, во голем дел „се презема“ од мајката, т.е. мајчините митохондрии придонесуваат за процесите на стареење. Според истражувачите од шведскиот Каролинска институт и германскиот Институт за биологија и стареење „Макс Планк“, детето ќе ја наследи ДНК-та на мајката, вклучително и митохондријалните болести или дисфункција. Истражувачот д-р Нилс-Горан Ларсон, вели:

– Истражувањето покажа дека митохондријалната ДНК на мајките влијае на тоа како старееме. Ако ја наследиме митохондријалната ДНК со мутации од нашата мајка, старееме побрзо.

Интелигенција

Иако не постои единствен „ген за интелигенција“, еден од факторите коишто придонесуваат за високиот интелект на детето е ДНК-та на мајката. Повеќе истражувања ја поддржуваат оваа теорија, на пр., она спроведено од Советот за медицински истражувања во Шкотска.

Британските истражувачи интервјуирале млади луѓе на возраст од 14 – 22 години и тоа траело повеќе години. Заклучоците говорат дека најдобриот показател за интелигенција е коефициентот на интелигенција на мајката. Во просек, коефициентот на испитаниците варирал само за 15 поени од оној нивната мајка.

Менталното здравје и нарушувањата

Според научнициете, не се наследуваат само физичките особини и однесувањето, туку и менталните и емоционалните одлики. Иако и надворешните околности играат улога во развојот на нарушувањата на расположението, разни болести или состојби, тие дејствуваат во склад со генетските предиспозиции – не секогаш исклучиво од мајката, но истражувањата посочуваат дека ова е почеста појава отколку што се мислеше.

Испитување од 2016 година открива поврзаност меѓу депресијата кај мајката и ќерката во анализа на 35 семејства. Интересно е што депресијата, според наводите не се пренесува од татко на ќерка или од татко на син.

„Килограмите“

Одржувањето здрава тежина има многу повеќе врска со здравиот начин на живот отколку со генетиката, но тоа не значи дека гените на мајката не се поврзани со дебелината на синот или ќерката. Според некои истражувања, мастите се суштински извор на енергија во телото. Темното масно ткиво е особено одговорно за регулирањето телесна температура и енергетски метаболизам, за разлика од белите масни клетки, коишто се зголемуваат при вишок енергија (калории).

Истражувачите откриваат дека темното масно ткиво може да се користи во борбата против дебелината. Во таа смисла, мајките носат ген којшто им овозможува на темните масти да надвладеат над белите масти, коишто пак, генетиката му ги припишува на таткото и неговите гени.

Начините на спиење

Сонот, т.е. навиките, однесувањето, па дури и некои нарушувања во спиењето, многу се верува дека попрво се пренесуваат од мајка на дете, отколку од таткото. Ова ги вклучува циклусите на спиење и будење, но и несоницата.

И напис во списанието „Слип медисин“ (Sleep Medicine) посочува дека децата ги наследуваат навиките на спиење од нивните мајки. Во таа смисла, занимлива е јасната поврзаност меѓу несоницата кај мајката и неколку метрики на спиење кај бебето.

наследни особини од мајката
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.