Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) изрази интерес за организација на Европското фудбалско првенство во 2032 година, официјално е соопштено во Рим.
ФИГЦ изминатите денови ја запозна УЕФА со својот интерес да ја добие организацијата на ЕП 2032 и тоа го претставивме многу порано од крајниот рок на 23 март, објави денеска Италијанската фудбалска федерација на својот официјален сајт.
Во соопштението се додава дека Италија има намера да ја модернизира инфраструктурата на стадионите преку изградба на нови и реконструкција на постојните.
Рим беше домаќин на четири натпревари од минатото ЕП, a Италија досега два пати беше организатор на ЕУРО – во 1968 година и во 1980 година.