Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: доаѓам со нова програма

0
By Нова ТВ on April 1, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ го испрати говорот во Зрновце, на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов:

Пред пет години ја добив Вашата доверба. Ја добив довербата на основа на програмата која Ви ја понудив. Денес сум тука да Ви кажам дека целата програма е реализирана, и повеќе од тоа. За тоа поднесов отчет. Велат дека е тоа првиот отчет на еден претседател во Република Македонија.

Овој пат доаѓам со нова програма. За нова доверба од Вас, за следните пет години. За овие пет години покажавме како се работи како тим. Сложно и единствено. Заедно со премиерот Груевски, заедно со министрите, со пратениците, со советниците, со градоначалниците. Како ја менуваме Македонија. Се сеќавам пред пет години со Влатко бевме тука и колку имаше незадоволни земјоделци. Имаше незадоволство од тоа што не беа откупени земјоделските производи, што патиштата беа напуштени, што селаните беа оставени сами на себе. Сами да се грижат за себе. Но, денес гледам колку многу нови патишта се направени. Денес гледам колку субвенции се поделени. Денес гледам колку има интерес за сите луѓе да ги почувствуваат промените во Македонија.

Така е кога ни расте економијата. Но за да расте економијата ни беа потребни и реформи, менување на закони, менување на амбиентот во Македонија за да дојдат странски инвеститори, но и да се враќаат нашите луѓе кои успеале во светот. Да доаѓаат, да отвораат нови работни места. Веќе сосема поинаква Македонија. Се гради автопат кон Штип, за цела источна Македонија да почувствува благодет. Се реновираат пругите низ Македонија, фабрики се градат низ Македонија. Во последниве години од 2006 година кога дојде овој млад тим на чело на Македонија заедно со Груевски, 120 илјади работни места се отворени во Македонија. 550 милиона евра се дадени за субвенции на земјоделието. Платите се зголемуваат, пензиите се зголемуваат. Е тоа е кога расте економијата. Кога расте економијата се расте, само едно опаѓа невработеноста. Кога дојде овој млад тим беа 39% невработени, сега е околу 28%. И уште да се намалува.

Само во индустриските зони што се отвараат, околи 7.000 граѓани веќе се вработија. До крајот на годината се очекува да бидат вкупно 14 илјади вработени луѓе само во зоните.
Неодамна бевме во Кавадарци. Ја видовме најголемата фабрика во Македонија. 4.000 луѓе работат во една фабрика. Е тоа е успешна Македонија. Така успева Македонија.
Доаѓаат странски инвестиции и во Вашиот крај. И во Кочани доаѓаат. Во Кочани ќе се отвораат фабрики. Доаѓаат во сите места инвестиции. Но тоа е кога сме создале амбиент во кој што секој може да дојде и да остварува профит. Тоа е кога Македонија по сите извештаи покажува просперитет и развој. Е тоа е резултат на тимска работа. Кога се работи заедно, кога се работи посветено за Македонија. Тогаш резултатите секаде можат да се видат. Тогаш имаме деца кои што ќе имаат радосно детство, родители кои се вработени, кои си ја наоѓаат својата среќа или во индустријата, или во земјоделието, тогаш имаме и луѓе со спокојна старост. Луѓе чии пензии не само што редовно доаѓаат, туку и редовно се зголемуваат.

Градоначалникот вели дека 25 улици се реконструирани во оваа година. Четири локални патишта во вредност од 180 илјади евра, исчистени се каналите во полето. Така се работи за граѓаните. Се она што го имаат граѓаните кажуваат, мене ми го кажуваат, го кажуваат на пратениците, го кажуваат на министрите. Сето тоа влегува во програмите кои се реализираат. И потоа се дава отчет. Дава отчет и градоначалникот, даваат отчет и министрите, и Владата, и јас дадов отчет. И затоа имаме чист образ, да дојдеме повторно пред Вас и да ја бараме довербата од Вас.

Изградена е и училишна спортска сала во училиштето „Синиша Стоилов“ со 187 ученици. Инвестиција од 23 милиони денари. Изградено е и повеќенаменско игралиште. Секаде нешто се гради, секаде нешто се создава. Така успева Македонија. Успева со дела. Успева со луѓе кои се посветени и си ја сакаат Македонија. Затоа што сите сме Македонија. Сите сме тие што даваме доверба на оние што ја водат Македонија. Македонија се сака со дела. Македонија се сака кога градите и придонесувате луѓето да бидат среќни. Да гледаме насмевки на луѓето, да гледаме задоволство, да гледаме дека секаде нешто се менува.
Се менува затоа што изборот ни е Македонија.
Се менува затоа што Македонија ни е пред се.
Затоа државата ни е пред се.
Да живее Зрновци, да живее Република Македонија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.