НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Некои зборуваат за нови лица, јас ќе кажам Македонија има нов лик

0
By Нова ТВ on April 3, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ова е родниот крај на дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп Георгиев Беровски. Водачите на две востанија за ослободување на Македонија на Разловечкото и на македонското Кресненско востание“, во започна својот говор претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов во Берово.

– Берово е познато и по многу други нешта. Берово успева. Во Берово се создаваат услови за сите млади луѓе да останат и да живеат во Берово, да не го напуштаат како во минатото. Затоа, кога и да одам во странство, кога ќе ги видам младите иселени беровчани, им велам дојдете да видите што се прави во Берово со новиот градоначалник. Да видите кои се условите кои се создаваат. Како се планира индустриска зона, како се планира да се развива зимскиот туризам, ски патеката се отвора да се создаваат услови беровчани да живеат достоен живот. Да покажат дека може да се живее од свој труд.


– Во услови на голема економска криза од 2008 година, многу европски економии тешко се справуваа со тие предизвици. Но од 2006 година во Македонија дојде еден млад тим предводен од Никола Груевски. Се вратија наши успешни луѓе. Успешни луѓе од меѓународни институции, од меѓународни корпорации се вратија во Македонија за да и помогнат на Македонија. Дури имаме и син на иселеник кој се родил во Америка Џери Наумов, кој дојде да биде министер во Владата на Груевски. Да се привлекуваат странски инвеститори и да се дава пример дека треба успешните да се враќаат во Македонија. Затоа што Македонија расте и се развива.


– Некои зборуваат за нови лица во Македонија. Јас ќе кажам Македонија има нов лик. Македонија во која што се градат автопатишта, Македонија во која што се градат фабрики, Македонија во која што се привлекуваат странски инвестиции, кој создава производи со брендот Македонија. Тоа е успешна Македонија. Но до сето тоа да се дојде мораше да се спроведат многу реформи. Мораше многу закони да се изменат, да се носат закони. Мораше да се оди по многу дестинации во светот, да се убедуваат бизнисмените да доаѓаат и да инвестираат во Македонија. Е, тоа е новото лице на Македонија, за кое што требаше многу труд, многу посветеност, но и државно единство, со ист глас да се збори и од претседателот и од премиерот, и од министрите. Еден глас да се слуша од Македонија. Тоа е Македонија која успева. Затоа ја барам повторно довербата од Вас.

– Еднаш кажав и ќе повторам – што е наше ќе си дојде. Но ние да сме посветени, обединети и да имаме еден глас надвор од Македонија. Да имаме државно единство и сите институции заедно да работат и да функционираат за доброто на граѓаните на Македонија, рече меѓудругото Иванов пред беровчани.

Фотографии и текст од говорот испрати Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.