Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Нема да прифатам промена на Уставот, со цел промена на името

0
By Нова ТВ on April 1, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Добра вечер за родниот крај на еден голем Македонец, Борис Трајковски, претседателот на Македонија. Вториот претседател на Република Македонија. Кој го почитуваме и му се восхитуваме, го започна својот говор на митингот вчера во Струмица, претседателскиот кандидат Горге Иванов.

– Нашиот јужен сосед за жал, не блокира. Од таа блокада излезе нашата потреба да ја градиме Европа во Македонија. Но не се откажуваме. Затоа и добивме 5 извештаи, 5 препораки за почеток на преговорите. Тие не блокираат затоа што сакаат да се откажеме од сопствениот идентитет. Но не потклекнавме. И нема да потклекнеме. Не знам за моите противкандидати, но јас имам јасен став. Нема да прифатам промена на Уставот, со цел промена на уставното име.

– Нема да прифатам идеи, или предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Нема да дозволиме Република Македонија и македонските граѓани да бидат обезличени. Македонските граѓани сами одлучуваат за своите клучни национални прашања. Никој, освен македонските граѓани нема право да одлучува за името на нашата татковина Македонија. Никој освен македонските граѓани нема право да одлучува за иднината на Македонија. За секое решение ќе се изјаснат македонските граѓани на референдум, истакна Иванов.


Тој потенцираше дека денес политиката не се мери по убави зборови, по убави говори, празни ветувања, туку политиката се мери по бројот на отворени работни места.

– По тоа не почитуваа граѓаните. Учествував во многу проекти. Давав политичка поддршка за многу проекти на Владата. Затоа што е тоа во интерес на сите нас. Затоа што тоа е од интерес на граѓаните. Ќе продолжам истото да го правам. Каде што одев со моите делегации, доаѓаа бизнисмени и претприемачи. Им помагав на многу бизнисмени да стапат во контакт со странски амбасадори.

– И тука во Струмица и струмичко носев амбасадори за да ги запознаат со потенцијалите на нашиот крај. Ќе продолжам тоа да го правам. Имаме успеси и во земјоделието. Затоа што секој од нас знае колку е тешко да се успее во животот обработувајќи земја. 500 милиони евра до сега се издвоени за земјоделието. Ги промовиравме потенцијалите на Македонија. Промовиравме производи од Македонија. Тие производи секаде се препознатливи, им порача Иванов на струмичани.

– Но тоа произлегува до нашата посветеност, да веруваме, и затоа ја почитувам религиозната толеранција која постои во Струмица и струмичко. Затоа наоѓав време да одам кај православните христијани, кај Католиците, кај Евангелистите. Тука во Струмица бев, одев и во џамии, одев и на ифтари, одев и на Ханука кај Евреите. Тоа беше моето мото, еден за сите. Затоа бев присутен кај сите, да ги охрабрувам, да се верува, затоа што има многу религии, но има една вера – вера во бога. И затоа Струмичани успеваат. Секој што верува успева.

– И ние веруваме во успехот на Македонија. Веруваме дека Македонија ќе биде во Европа. Веруваме дека создаваме држава и економија која што создаваат работни места. Веруваме дека Македонија е дом во кој се гради благосостојбата на сите. Знаеме тоа како да го постигнеме. Знаеме тоа како се постигнува. И затоа ја добиваме Вашата доверба. И затоа даваме отчет. И затоа имаме чист образ и исправена глава пред Вас, рече Иванов.

Центарот за Комуникации на ВМРО-ДПМНЕ испрати текст од говорот и фотографии

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

ВЕСТИ October 8, 2025

„Одбрана на демократијата: Бојното поле на вистината“ е генералната тема на тридневната меѓународна конференција чиј…

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.