Зоран Иванов: Не знам што враќа власта на ДПМНЕ но гледам дека се изглупираа со пресот на кој самите тврдат дека имале некакви доверливи информации за некакви заговори. Самиот тој факт упатува дека во таa партија ментално ништо не се сменило. Доктрина на популизам и тоталитаризам. ВМРО-ДПМНЕ беше авторот на масовните прислушкувања, на влечење за уши на гласање, на исклучување лифтови, на изборни штабови по министерства дури и во МВР. Тоа е таа партиска матрица која се темели на злоупотреби на државни ресурси за партиски цели.
Извор: Локално.мк