НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Секаде се гледа успехот на Македонија

0
By Нова ТВ on April 1, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДМПНЕ испрати соопштение со говорот во Виница, на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов:

Пред пет години ја добив Вашата доверба. Ја добив довербата на основа на Програмата која Ви ја дадов тогаш. Сега можам да Ви кажам дека се што беше во програмата, се е исполнето. И минатиот пат кога се сретнавме тука Ви го дадов отчетот. Отчетот во кој се гледа дека се е исполнето. Се што беше кажано се е исполнето и многу повеќе од тоа.

Денес сум повторно меѓу Вас, со нова програма. Да ја побарам повторно од Вас довербата за следните пет години. Доверба за да бидам Ваш Претседател. Претседател на граѓаните на Република Македонија.

За овие пет години се работеше многу. Напорно се работеше затоа што светот го зафати голема криза од 2008 година. Во такви услови во Македонија се постигна многу. Се постигна затоа што работевме како тим. Работевме заедно со премиерот Груевски, заедно со министрите, заедно со пратениците, заедно со градоначалниците. Ја менуваме Македонија. Затоа во Македонија се градат автопатишта, затоа во Македонија се градат фабрики, училиштата… Се градат градинки низ Македонија. Тоа е тимска работа. Тоа е кога се сака Македонија. Така се работи посветено за Македонија. Затоа кога во сите земји економијата опаѓаше, во Македонија во услови на криза, економијата расте. Кога расте економијата се расте во државата. Растат и платите, растат и пензиите. Растат и субвенциите, расте и социјалната помош. Но, растат и стипендиите. Се расте во државата, а само едно нешто опаѓа: опаѓа невработеноста. Од 2006 година, кога дојде оваа млада гарнитура, предводена од Груевски, се отворени 120 илјади работни места во Македонија. Беа потребни многу реформи, многу закони, многу промени. Да се создаде амбиент, да се создадат услови, да доаѓаат странски инвеститори, но и домашните инвеститори како што ги имате кај Вас, да инвестираат, да отвораат нови работни места.
Речиси секаде има индустриски зони. Повеќе од 7 илјади луѓе се вработени оваа година во тие индустриски зони. До крајот на годината се очекуваат 14 илјади вработени во тие индустриски зони. По тоа се мери денес политиката. Не се мери по убави зборови и по празни ветувања, туку по отворање на нови работни места.

Работевме на секој план. Се што беше во моја уставна надлежност максимално се остварува. Затоа и добивме пет позитивни извештаи на Европската комисија и пет препораки за да почнеме со преговори за во Европската унија.

Но ја знаете нашата блокада. Блокирани сме и не попречуваат да успееме. Но, затоа, ја градиме Европа во Македонија. Затоа градиме европски институции, европски стандарди, европски услови во Македонија.

Привлековме речиси 2 милијарди странски инвестиции. Тие инвестиции се секаде околу нас. Се инвестира во се во Македонија. Така Македонија расте во височина, се гради Македонија. Се создаваат услови младите да живеат, да останат во Македонија. Затоа се издвоени и 500 милиони евра за субвенции за земјоделието во последниве години. Земјоделието само минатата година ги врати тие пари, затоа што извозот на земјоделските производи од Македонија, само минатата година, беше 500 милиони евра. Така се работи за Македонија. Земјоделците беа оставени сами на себе. Е сега мислиме за нив. Каде и да одам секаде го сретнувам г-динот Коњановски. Дали станува збор за тутунот, дали станува збор за исплата на грозјето, дали станува збор за оризот. Секаде се присутни луѓето од Владата. Секаде се работи посветено за Македонија, за граѓаните на Македонија.

Се прават многу патишта. Тие патишта олеснуваат да доаѓаат и странски инвеститори. Се создаваат услови за да можат да се привлечат нови и нови инвеститори.

Затоа австриската текстилна компанија „ТЕКСПОРТ“ ќе ја отвори својата трета фабрика во Македонија токму тука, во Виница. Тоа ќе значи 200 вработувања за Виничани. За оваа текстилна компанија добиени се сите градежни дозволи и изградбата ќе започне во јуни.
Тука исто така, продолжува со компанијата „Макпрогрес“ која учествува во инвестициите и со изградба на нови капацитети. Се очекува уште 80 луѓе од Виница да се вработат.

Така успева Македонија. Тоа не е само во економијата. Гледате што прават нашите спортисти. Гледате која гордост ја имаме кога нашите победуваат. Победуваат затоа што и тие работат тимски. Затоа што се поддржани од нас. И затоа и ги наградувам сите тие што ја претставуваат Македонија и се гордост за Македонија.

Но и пејачите се тука кои се наша гордост. Каде и да одат не претставуваат и победуваат. И затоа и пејачите ги поддржуваме. Ги поддржуваме и научниците. Затоа го воспоставивме и натпреварот за „ најдобар млад научник“, за да сите тие млади луѓе да добијат признание. Затоа што и ним им треба внимание. И ним им треба поддршка. Затоа и отворив „Школа на млади лидери“. Да создаваме лидери за иднината, да создаваме луѓе кои ќе не наследат и после нас ќе продолжат со ист интензитет, да ја градат Македонија.

Ни требаат лидери не само во политиката, не во економијата, ни требаат луѓе што водат и во земјоделието, и во културата, и во спортот, и во образованието. Секаде ни се потребни луѓе што знаат да создаваат тимови и да носат победи. Да носат успеси.

Секаде се гледа успехот на Македонија. Но, за некои во Македонија е мрак, во Македонија е темнина.

Минатиот пат Ви кажав кога бев професор ги учевме студентите дека „оној што вели дека се е мрак, се е темнина – сака неговиот глас да биде светлина“. Видовме колку знаат да ни го осветлат патот. Видовме што донесе нивната светлина. Затоа, продолжуваме сплотено и единствено. Продолжуваме заедно, за успехот на Македонија. Продолжуваме да работиме заедно. Заедно за: Европа во Македонија и Македонија во Европа, заедно да држава и економија кои отвораат нови работни места. За Македонија, дом во кој се гради благосостојба за сите.

Знаеме како да го направиме тоа. Ние лесно не даваме наш збор. Но кога ќе го кажеме, тоа и го остваруваме. Затоа што Македонија ни е изборот, Затоа што Македонија ни е пред се, затоа што државата е пред се.

Да живее Виница!
Да живее Република Македонија!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.