Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановска: Околу 20 проценти од претставките кои ги добива ДКСК се однесуваат на правосудството

0
By НОВА ТВ on July 15, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 20 проценти од претставките кои ги добива Државната комисија за спречување на корупцијата од граѓаните се однесуваат на правосудството, нагласи претседателка на ДКСК Билјана Ивановска.

На отворањето на јавната дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“ во организација на ДКСК, Ивановска, порача дека потврда за ова се и резултатите од овогодинешното истражување на Балкански Барометар 2021 спроведено од Регионалниот совет за соработка каде е утврдено дека 81,1 процент од граѓаните сметаат дека судството е најкорумпирано.

– Ако е за утеха, овој процент е малку помал од претходната година. Истражувањето спроведено од Меѓународниот републикански институт – ИРИ во периодот март-април 2021 година, исто така забележа загрижувачки состојби во оваа област, што беше причина за организирање на оваа дебата, изјави Ивановска.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во воведното обраќање рече дека одговорноста за градење на еден одржлив систем за борба против корупцијата е одговорност на сите нас и дека е добро што ДКСК денес ги обедини оние кои треба да бидат чувари на правната држава, владеењето на правото и демократијата, односно сите чинители на правосудниот систем од кои се очекува испорака на правда.

–  За состојбата во правосудството која што ја затекнавме и наследивме, повеќе од нужно беше да се реагира со длабоки реформи и системски промени. Тоа и го направивме. Со донесените стратешки документи, како Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси – 2021-2025 година во делот посветен на Правосудството, ставивме печат за почеток на унапредување на судскиот систем и негово функционирање. Во изминатиот период, донесени се реформски закони во насока на јакнење на независноста на судството и јавното обвинителство и јакнење на механизмите за превенција и борба против корупцијата. Од 2019 година имаме јасни односно подобрени правила на однесување за судиите и јавните обвинители. Како министерство, инициравме и голем број активности за спроведување на препораките на ГРЕКО, што беше соодветно препознаено и при последната оценка во нивниот Извештај.
Со донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите, од 2019 година, генерално зајакната е правната рамка за спречување на корупцијата и судирот на интереси за сите категории на службени лица, вклучувајќи ги и судиите и јавните обвинители, изјави Маричиќ.

Имплементацијата на овие мерки, нагласи тој, е тоа што треба да се обезбеди тие да профукционираат во пракса и законите да важат за сите подеднакво.

– Не можеме да имаме силна правна држава ако законите не важат за сите подеднакво. Тие што направиле корупција без разлика дали се работи за политичари, судии или било кој, мора да одговараат. Обиди за заобиколување на правдата и правниот систем не смееме да дозволиме. Токму затоа ја поддржавме новата методлогија за проверка на работата во судството, рече Маричиќ.

Дополнително, посочи Маричиќ со Планот за борба против корупцијата и Агендата Европа дома, Владата предвидува екипирање и дигитализација во јавното обвинителство, електронска размена на податоци меѓу институциите за поефикасно спроведување на истраги и подобрена координација.

Заменичка директорка на програмата на Меѓународниот републикански институт – ИРИ за Македонија  Илина Мангова, посочи дека судството го следат во послендите пет-шест години и тоа континуирано се наоѓа на дното на довербата.

–    Само 23 проценти од граѓаните изразиле дека имаат доверба во правосудството, наспроти 76 проценти кои рекле дека немаат. Тоа значи дека три спрема еден од луѓето во Македонија што имаат недоверба во судството. Ова е континуирана состојба и растот е минимален, кој беше по потпишувањето на Договорот од Преспа и зголемените очекувања на граѓаните, изјави Мангова.

Последните години, посочи таа, како единствено позитивно нешто што според нас може да се забележи, е едно изедначување во недовербата и меѓу етничките Македоцни и етничките Албанци.

Секторот правосудство е издвоен и како посебен со многу висок ризик од корупцијата во Националата стратегија за борба против корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 на ДКСК.

Како приоритетни проблеми во секторот, во стратегијата се посочуваат: недоволно ефикасен систем за јакнење на интегритетот во судството и јавното обвинителство, недоволни материјални и кадровски ресурси, отсуство на автоматизиран систем за распределба и следење на предметите во јавното обвинителство и недоволна транспарентност во работата на Советот на јавните обвинители и недоволна ефикасност и транспарентност во работата на Државното правобранителство.

Заклучните согледувања од дебатата ќе бидат доставени до надлежните институции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.