Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановска: Сите активности треба да одат во иста насока кон расчистување со корупцијата

0
By Нова ТВ on March 3, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стратегијата е многу важен документ дотолку повеќе што со новиот Закон за спречување на корупуција и судир на интереси е дадено посебно значење на стратегијата и тоа усвојување од страна на Собранието, со тоа Националната стратегија добива на тежина и станува повеќе прифатлива за сите чинители во општеството. Она што го презема Владата како акционен план и мерки е во насока на подобрување на капацитетите на институциите кои треба да бидат чинители да ја спроведат во дело Националната стратегија, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

-Борбата против корупцијата е многу тешка и голема борба во која треба да се вклучат сите страни, така што сите активности треба да одат во иста насока, односно кон расчистување со корупцијата, вели Ивановска во гостувањето на Утрински брифинг.

Таа изрази задоволство од расправата во комисиите во Собранието, оценувајкќи ја многу конструктивна.

-Имаше забелешки, но сите беа согласни со утврдените состојби во Стратегијата и со мерките и активностите кои се предложени. Стратегијата се правеше на транспарентен начин, состојбите се детектирани и тоа е она што ја прави Стратегијата прифатлива од самите институции, вели Ивановска.

Таа нагласи дека Комисијата е во комуникација со институциите и треба да го следи остварувањето на тие активности. Посочи дека од Комисијата за политички систем, им било кажано дека на крајот од годината ќе има и надзорна расправа за тоа како течело остварувањето на активностите и да се даде отчет, затоа што подвлекува таа, ова е контуниуиран процес.

-Чувствуваме дека постојат промени, но јас ќе повторам дека се се движи многу бавно. Улогата на ДКСК е превентивна, да ги согледува системските слабости и да дава укажувања и преопарики. До сега имаме дадено многу препораки, но многу малку е постапено по истите. Деветнаесет закони се истражени, откриени се ранливите точки но не е променет ниту еден закон. За да се надминат овие состојби треба да се сврти и вториот дел од стратегијата, а тоа е акцискиот план каде што се предвидени активностите за надминување на овие состојби, вели Ивановска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.