Македонски тенисер Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон.
Тој во шеснаесетфиналето попладнево го елиминира 11. носител, Родриго Пачеко Менедез со 6:1, 6:2 во меч што траеше еден час и четири минути.
Противник на македонскиот тенисер во осминафиналето ќе биде Литванецот Едас Бутвилас кој е осми носител на турнирот.