Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЗБОРИ 2024 – Излези и гласај!!

0
By Marija Todorovska on April 7, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА во повеќе дневни продолженија и со посебни тематски наслови објавува серија содржински сегменти од едукативната публикација на ЦИВИЛ – Центар за слобода „СЀ ШТО САКАВТЕ ДА ЗНАЕТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ“ посветена на јакнење на јавната свест, едукација и мобилизација на граѓанките и граѓаните за подобрување на изборните процеси.

Едукативните текстови на авторскиот тим на Цивил се посветени на различни аспекти на изборните процеси како за организацијата на изборите, избирачката администрација, изборните материјали, избирачкиот список, гласачките ливчиња, кампањите, изборниот молк, можни нерегуларности во процесот и на повеќе други аспекти.                                                     

Серијал на НОВА: Избори 2024 – Излези и гласај!!               

Гласачко ливче:

Гласачкото ливче ја има најважната улога во изборниот материјал. Тоа им овозможува на граѓаните да го исполнат своето право на глас и слободно да изберат.

Гласачкото ливче има пет варијанти од кои: на македонски јазик, на македонски и албански јазик, македонски и турски јазик, македонски, ромски и албански јазик, македонски, албански и српски јазик, во зависност од општините во кои живеат граѓани од различни етнички заедници. Покрај тоа, се користи шаблон со Брајова азбука за лицата со оштетен вид. 

На гласачкото ливче има реден број, име и презиме на кандидатот кој го предложува кандидатот и партиски симбол доколку кандидатот е предложен од партија. На заднината на ливчето има жиг, сув елемент што не може да се копира или да се скенира.

 Гласачкото ливче има видливи и невидливи елементи, кои служат за заштита. Има влакна во две бои – кои се видливи и две влакна кои се различни и невидливи, видливи се само со УВ ламба. Компанијата која ги печати гласачките ливчиња вградува елемент кој е таен и невидлив, а исто така, и претседателот на Комисијата предлага еден елемент, кој само тој го знае. 

За секој гласач има по едно гласачко ливче. На кочанот на гласачките ливчиња има нумерација, знаме, општини и избирачко место. 

При предавањето на изборниот материјал се составува записник во кој треба посебно да се наведе вкупниот број на гласачки ливчиња со сериските броеви и потребниот број листи на кандидати што се истакнуваат во просториите за гласање, како и друг материјал потребен за гласање. Записникот го потпишуваат претседателот и членовите на избирачкиот одбор и членот на општинската изборна комисија кој го предава материјалот.

Доколку присутните претставници на подносителите на листи имаат забелешки за предавањето на изборниот материјал, тие имаат право да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право. При предавање на изборниот материјал право на присуство имаат и овластените набљудувачи. 

гласачко ливче Избори 2024 излези и гласај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.