Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЗБОРИ 2024 – Излези и гласај!!

0
By Marija Todorovska on April 16, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА во повеќе дневни продолженија и со посебни тематски наслови објавува серија содржински сегменти од едукативната публикација на ЦИВИЛ – Центар за слобода „СЀ ШТО САКАВТЕ ДА ЗНАЕТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ“ посветена на јакнење на јавната свест, едукација и мобилизација на граѓанките и граѓаните за подобрување на изборните процеси.

Едукативните текстови на авторскиот тим на Цивил се посветени на различни аспекти на изборните процеси како за организацијата на изборите, избирачката администрација, изборните материјали, избирачкиот список, гласачките ливчиња, кампањите, изборниот молк, можни нерегуларности во процесот и на повеќе други аспекти.      

Серијал на НОВА: Избори 2024 – Излези и гласај!!                                                                                        

Jавни настани:

Според Изборниот законик, во овој период не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од буџетот, при тоа, имајќи предвид дека под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира давање изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање.

Во дадениот период, Министерството за финансии е задолжено сите буџетски исплати, со исклучок на редовните плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страна во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. 

Министерството за финансии, исто така, две недели по распишувањето на изборите е должно да поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од буџетот, поделени по ставки, во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесување на извештајот, кој се објавува на веб страницата на министерството. 

За време на предизборниот период и изборниот ден, за потребите на изборната кампања е забрането користење на канцелариски простор, опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста, како државните функционери на кои со овие прописи им следува лично обезбедување. 

За постапување спротивно на одредбите на членовите од Изборниот законик кои се однесуваат на овие прашања, од страна на член на Влада, заменик министер или функционер кој раководи со орган, е предвидена глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност. 

Избори 2024 излези и гласај јавни настани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.