Од одработени речиси 100 % гласови ДИК утрово ги соопшти конечните неофицијални резултати од вчерашното гласање во првиот круг на за избор на Претседател на Република Северна Македонија.
Гордана Силјановска Давкова 362.682 или 40,08%;
Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 или 19,93%;.
Трет е Бујар Османи 120.903 или13,36%;
Арбен Таравари 83.356 или 9,21%;
Максим Димитриевски 83.787 или 9,26%;
Билјана Ванковска Мирчвска 41.172 или 4,55;
Стевчо Јакимовски од ГРОМ 8.103 или 0,90%).
На гласање излегле 810 971 гласачи. Важечки гласачки ливчиња се 789 031, а неважечки 21. 946 гласачки ливчиња.
Право на глас имаа 1.814.317 граѓани запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.
На 8-ми мајво вториот изборен круг, поминаа кандидатите Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.