Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори и поткуп и позначачајни нарушувања на изборниот процес за Локалните 2025 – закани, притисоци, злоупотреби на државните ресурси       

0
By Zoran Ivanov on November 5, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакви закани практикувале вработени во МВР, син на кандидат и советник на ДПМНЕ во Куманово, член на ОК на ДПМНЕ во Аеродром која се заканувала на член на ЦК на Левица. На 02.11. на денот на гласање беа објавени пораки од граѓани од Валандово дека на се врши голем притисок во градот и околните места да се гласа за кандидатот на ДПМНР, Ѓоко Камчев. Активисти на ДПМНЕ со сила ваделе луѓе да гласат.

Закани и притисоци На 29.10. беше објавено од граѓани од општина Чешиново-Облешево, дека се соочуваат со уцени и закани од инспекциски служби по локални фирми во општината, при што инспекторите коментирале дека тоа е „поздрав“ од кандидатот на ДПМНЕ, Јорданчо Костадинов, со порака „да пазат за кого ќе гласат“. Во општината биле забележани повеќе директори и министри како притисок да се гласа за ДПМНЕ.

На 29.10. беше објавена порака од конверзација во која Дејан Михајлов, кандидат за советник на ДПМНЕ за општина Виница се заканува дека физички ќе се пресретнува (ќе ги напаѓа) Ромите кои првиот круг не гласале за неговата партија, дека ги бара по градот и дека ќе ги тепа. На 31.10, во општина Пробиштип, се пријавени повеќе притисоци и закани кон институции раководени од локални кадри на СДСМ.

На 31.10. беше објавено дека во Росоман полицијата вршела легитимирање на активисти на СДСМ додека спроведувале активности пред изборниот молк. На 01.11. беа објавени пораки од граѓани кои сведочат како полицијата во Демир Капија и околните села Корепница и Бистринци вршела легитимирање на активисти на СДСМ при што им биле вршени претреси и одземање на телефони, а активисти на ДПМНЕ вршеле уцени и притисоци.

Истиот период кандидатката за градоначалник на ДПМНЕ, Наталија Димитриева, вршела агитирање од куќа во куќа. На 01.11. година, кандидатот за градоначалник на Ранковце, Даниел Крстевски, објави дека бил следен од активист на ДПМНЕ за што ќе биде пријавен во МВР. Информираше дека полицијата во Ранковце била ставена во функција на ДПМНЕ.

Претходниот ден во Ранковце дошол Христијан Мицкоски, а 31.10.-01.11. имало големо присуство на полицијата како форма за притисок. Во Гиновце биле одземани лични карти. На 01.11. партијата Левица објави соопштение во кое посочува за притисоци и закани и следење на нивни активисти, закани по нив и нивните семејства, по работните места.

Вакви закани практикувале вработени во МВР, син на кандидат и советник на ДПМНЕ во Куманово, член на ОК на ДПМНЕ во Аеродром која се заканувала на член на ЦК на Левица. На 02.11. на денот на гласање беа објавени пораки од граѓани од Валандово дека на се врши голем притисок во градот и околните места да се гласа за кандидатот на ДПМНР, Ѓоко Камчев. Активисти на ДПМНЕ со сила ваделе луѓе да гласат.

Претходно, пријавувале болни  изнемоштени лица да гласат без нивно знаење, праќале инспекции по фирми на поддржувачи на претходниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Перо Костадинов.

На 02.11. на денот на гласање беа објавени снимки (фотографии и видеа) од зголемено присуство на полицијата. Истиот ден, советникот Аки Акиов, кој го поддржувал вд. Градоначалникот и независен кандидат, Венко Крстевски, објави дека на негови активисти им се претресувале колите кога оделе на гласање. Информираше дека цела недела се случувал голем притисок врз него неговите поддржувачи од страна на полицијата, биле паркирани полициски возила, негови поддржувачи биле приведувани, закани дека ќе биле иселувани Ромите доколку победи кандидатот на ДПМНЕ.

На 29.10, беше објавена снимка за поткуп како на локални граѓани Роми во една општина им се дели пакети со месо како поткуп за гласови. Во текот на изборниот процес, вклучително и пред вториот круг во општина Пробиштип, има коментари од терен дека активистите на ДПМНЕ делеле многу пари, посебно по селата (каде подоцна се виде дека и нивната поддршка била најголема и одлучна).

На 01.11. во Демир Капија беа објавени снимки и пораки од граѓани кои сведочат како активисти на ДПМНЕ со кандидатот за градоначалник, на терен вршат агитирање и поткуп. Притоа, имало зголемено присуство и блокади на три места на полицијата кое не реагирала. На 02.11. во Кочани советникот Аки Акиов, кој го поддржувал в.д. Градоначалникот и независен кандидат, Венко Крстевски, јавно објави дека од страна на ДПМНЕ бил вршен поткуп кај локалните Роми со цел да се гласа за нивниот кандидат. На 02.11. беа објавени пораки од граѓани дека во Валандово од страна на активисти на ДПМНЕ биле давани пари за да се гласа за нивниот кандидат, потврдувајќи ги своите тврдења со изјави на негов роднина на кого му понудиле пари да гласа за нив. На 02.11. беше објавена порака од граѓани дека во општина Карпош, во населбата Злокуќани, каде живеат жители Роми, пред месната заедница биле делени 2000 денари од страна на жена, активист на ДПМНЕ.

Имало присуство на полицијата, но не интервенирала бидејќи се работело за активност на владејачката партија. На 02.11. беше јавно информирано дека на пет гласачки песта во општина Карпош бил направен обид од власта за тн. „Бугарски воз“ – биле скинати две ливчиња од кочанот, но од набљудувачите биле забележани и спречани да бидат изнесени.

Помеѓу двата круга, кандидатот на ДПМНЕ, Сотир Лукровски, нудеше бесплатни доколку биде избран дека жителите ќе имат поволности во приватната болница „Аџибадем Систина“ (на бизнисмен близок до ДПМНЕ, поранешен финсиер на партијата) за што ДКСК отвори предмет. Слично како и во првиот круг, повторно неа појавени коментари за потпкуп во одредени населби (Злокуќани) во општина Карпош, каде се манипулираше со социјално ранлива категорија граѓани.

Загрижувачки се и одредени новинарски тврдења (Васко Ефтов) дека во општина Чаир биле употребени големи суми пари (пет милиони евра) со кои се откупувале долгови и кредити на граѓани со цел да го дадат својот глас. Ваквите тврдења се дополнување на претходни информации за купување гласови во таа општина.

Злоупотреби на државните ресурси Општини под контрола на градоначалници на ДПМНЕ ги испратија своите возила (камиони за собирање ѓубре) во поддршка на кампањата на кандидати на ДПМНЕ. Пример, такви камиони беа испратени од општините Кавадарци и Велес за ПР на кандидатот за Карпош, Сотир Лукровски, кој со тоа снимаше и наменски видеа. Општините можат да дадат помош (ресурси) на друга општина и на покана на друг градоначалник, а не за потреби на кампања на кандидат на партија.

Прекршување на изборниот молк Регистрирани се повеќе нарушувања на изборниот молк на 01.11. со повеќе регистрирани штабови на ДПМНЕ во Аеродром, Драчево, Кисела Вода, Лисиче, потоа кандидатот Хаким Рамадани во Челопек, општина Врвеница, собир на кандидатот Курто Дудуш во Шуто Оризари. Во Росоман имало наршување на изборниот молк со агитирање по куќи, движење на возила со партиски активисти на ДПМНЕ, проследено со притисоци.

Станува збор само за дел од евидентирани сведоштва на граѓани, дел објавени и регистрирани и од медиуми, кои за жал не беа демантирани. Евидентно беше дека власта на овие избори употреби големи средства и за официјална кампања и за разни форми на поткуп, како и закани, притисоци и злоупотреба на државни ресурси, вклучително и полицијата.

Притоа, заслужува внимание што покрај поголемите општини кои се сметаа за значајни за власта и ДПМНЕ (како Карпош, Пробиштип, Кочани, Валандово) притисоци, закани и поткуп имаше и кон помалите општини (Росоман, Ранковце). Интересот на ДПМНЕ и Мицкоски беше по секоја цена да се добијат сите општини.

Посебно загрижува (зло)употребата на полицијата која во наведените случаи била директно и активно употребена (присуство со цел заплашување и тензии, легитимирања, приведувања), била пасивен набљудувач или пак заштитник на претставници на партиите од власта при нивни нелегални активности.

Тоа укажува дека РСМ и нејзините институции сѐуште не го достигнале нивото да бидат независни и да бидат сервис на граѓаните, пто не е аргумент во прилог на идно укинување на т.н. „Пржинска влада“.

За пофалба е што ваквите форми на закани, притисоци и изборен поткуп беа забележани и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во оценката за вториот круг  кои изразија загриженост за „Притисоците врз гласачите и бројни обвинувања за купување гласови“. Секако, тоа го имаат евидентирано и претставници на ДКП во нашата земја во своите извештаи. Тоа само потврдува дека овие избори не беа фер ниту пак „европски“ како што оцени Гордана Сиљановска-Давкова.

Детектираните состојби, потврди и од ОБСЕ/ОДИХР, во никој случај не договараат и не се епитет за држава-кандидат за членство во ЕУ.

Авторот е познат на редакцијата

државни изборен поткуп ресурси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.