Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори се ближат, вработувања се нижат

26
By Сашка Цветковска on February 4, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како што се ближат локалните избори, така расте и бројот на огласи за вработувања во државните тела. Најголем удел во огласите имаат оние нетипичните или привремените вработувања. Дури 11 државни тела во последниов месец побарале услуги за привремено вработени од агенциите, а 6 од објавите на Бирото за јавни набавки се и по официјалното распишување на локалните избори од страна на Собранието, на 11 Јануари.

Точно на денот на распишување на изборите, оглас објавило и Министерството за транспорт и врски кое бара 14 службеници, ден пред нив Министерството за труд и социјална политика побарало да се “поднови” со 34 вработени, а непосредно пред распишувањето и Секретаријатот за рамковен договор побарал 260 нови вработувања.

“Сите огласи и набавки прекинуваат на денот на објавување на изборите. Сите, вклучително и јавните набавки во кои се реализираат привремените вработувања. Објавувањата за услуги за привремени вработувања се, исто така, кршење на законот и антикорупциската треба да реагира”, вели деканот на правниот факултет, Борче Давитковски.

Ректоратот при универзитетот Кирил и Методиј, Министерството за финансии, Комуналец, Јавниот сервис, Факултетот за физичка култура и неготинскиот театар своите огласи за привремени вработувања ги објавиле по распишувањето на изборите. Не се знае ни колку луѓе бараат, ниту за кои позиции, ниту, пак, колкави се сумите, со оглед на тоа што огласите за овој тип на услуги, согласно новата пракса на бирото за јавни набавки се објавуваат во делот “други огласи” во чија секција нема никакви детаљи освен датумите на објави.

Сепак, според експертите, и покрај тоа што е законски дозволено, масовните вработувања неколку месеци непосредно пред изборите, се исто така показател за сериозен изборен поткуп, ако се има во предвид дека на, и онака преобемната администрација не и треба засилување.

Каква е таа итност од вработувања?

“Каква е таа итност од вработувања? Ако оние вработувања по распишувањето на избори се правно недозволени, оние непосредно пред избори се етички и морално неисправни. Очигледно, тоа е во функција на изборите. Тоа е нешто недозволиво, тоа не само што ги доведува опозициските партии и оние помалите во нерамноправна положба, туку тоа е и класичен изборен поткуп.” вели Темелко Ристевски, универзитетски професор

Бројот на вработувања, а особено оние привремените е голем во последните неколку месеци. Дури 16 општини и институции објавиле огласи за избор на агенција за привремени вработувања во месец Јануари, а од крајот на Октомври досега тоа го сториле околу 35 државни и локални институции и претрпијатија.

Општините Кавадарци, Демир Капија, Гази Баба, Бутел, Кочани, Кисела Вода, Гостивар, Виница, Охрид, Министерството за финансии, за земјоделство, салата Борис Трајковски и Собранието на РМ се меѓу институциите кои вработувале преку агенциите за привремени вработувања во последните три месеца. Рекордер во износот на сумата за овие вработени е салата Борис Трајковски, услуги платени во износ од 18 милиони денари.

“Нова” се обиде да добие одговор од повеќе институции на прашањето каква итност ги натерала да ангажираат работници на привремена работа, ако се има во предвид дека законот за државни службеници не препознава такви вработувања, или, привремени вработувања согласно законите подразбираат само сезонска работа или замена за отуство на вработени. Одговорите се уште ги чекаме.

Европската комисија во двата последни извештаи предупредува дека привремените вработувања не се во согласност со законите за државни и јавни службеници.

Антикорупциската комисија на 15 Јануари ги повика институциите веднаш да ги прекинат огласите за вработување, согласно изборните закони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.