Претседателот Николас Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела, според делумните резултати објавени од страна на избирачкиот совет.
Шефот на Националниот изборен совет, Елвис Аморосо, рече дека по пребројувањето на 80 отсто од гласовите, Мадуро имал 51,20 отсто од гласовите, наспроти 44,02 отсто за неговиот главен ривал.
Опозицијата на Венецуела обвинува „широко распространета измама при броењето гласови“ и вети дека ќе ги оспори резултатите. Многу гласачи рекоа дека сакаат промени по 25 години од социјалистичката партија.
Лидерот на опозицијата Марија Корина Мачадо ја повика војската да се спротивстави на резултатите.
Порака до армијата. Народот на Венецуела одлучи: не го сака Мадуро, напиша Мачадо на Икс. Време е да се најдеме на вистинската страна на историјата. Имате шанса, сега.