НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборот на уставни судии утре на Комисија за избори и именувања – власта предложи тројца кандидати, опозицијата шест

0
By Sashko on June 1, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Избор на уставни судии ќе биде точка на дневниот ред на утрешната собраниската Комисија за избори и именувања. Претседателката на Комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска изјави дека продолжението на седницата се одолговлекло поради обврски на членови на Комисијата.

Таа посочи дека на претходната седница биле доставени девет предлози за уставни судии и тоа три од мнозинството и шест од опозицијата.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во понеделникот одржа средба со шефот на државата, Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери за блокадата на изборот на четирите уставни судии.

Кацарска по состанокот со државниот врв изјави дека ако до крајот на годината не се комплтира Судот, тогаш на државата ѝ се заканува уставна криза.

Уставниот суд во моментот работи без четворица судии на кои им истече мандатот од вкупно девет колку што брои. Во нецелосен состав е околу една година, откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања, по речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии, на 13 мај ја почна процедурата за избор на нови уставни судии.

Предложени се девет кандидати. Пратениците од власта ги предложија републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер и Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложија шест кандидати: универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија, Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.