Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избришете ги солзите тогаш кога ќе си отиде

0
By Биљана Секуловска on January 16, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголемата грешка ќе биде ако Никола Груевски даде оставка. Вака низ солзи еден гледач на Канал 5, жител на струмичкото село Муртино раскажува зошто не смее таа светска катастрофа, таа негова лична апокалипса да се случи:

Се работе за човек кој граде, кој праве. Сите дворови (баш дворови!? можеби е некоја грешка. секако дека е грешка, но тешко се слуша што вели овој несреќен човек) се уредени. Патишта, железници, аеродром, се, се, се е напраено во времето на Груевски. И како може Заев до вчера со терористите, а сега се јавува како херој. Цела Струмица славеше, се пукаше (мисли по оставката на Груевски).Човекот (мисли на Заев) е недобар, нездрав… Верувајте, нашето село е погодено, има многу луѓе што плачат…

Ова е дел од тоа што јас можев да слушнам. Човекот е навистина растревожен и воопшто не е разбирливо неговото јавување кое не низ солзи, туку низ липање претставува лично исповедање на најнесреќниот човек во историјата на човештвото.

Да си замине Груевски, па не е ли тоа еднакво со покосување на целата Земја од најзлобната атомска бомба? Сепак, подобро да сме мртви, отколку да слушнеме таква вест.

Доколку си оди Груевски, (а ако има барем малку милост проклетиот Заев, тоа никогаш не смее да се случи), никој нема повеќе причина, зошто и како да живее. Која е целта на растреперените крилца на пеперутките, она ритмично беее на овците, забраната да се пуши на Тајмс сквер, зошто воопшто Уелбек да се грижи дали Франција ќе стане центар на Муслиманското братство?

Зарем нема да замрат сите славејчиња, ќе овенат кокичињата и пролет никогаш нема да дојде, ќе свисне врбата над барокот на Илинденска, ќе се сруши светот и ќе се парализираме сите, исто онака како кога завиваа сирените на денот на смртта на Тито? Само не и Мартин Протуѓер, тој ќе мора да потскокнува во правилен ритам за да се одржи во живот, затоа што само тој може со топол здив да ги откочува компјутерите- јер, пропаганда не сме пасти!

Се ќе замрзне и ќе се врати леденото доба, затоа што повеќе никогаш, ниту едно срце нема да има што да го стопли и утеши, за о, пресветлиот апостол Груевски.

Ќе потонеме заедно со Атлантида, ќе се срушат сите облакодери како покосени, само не и оние во Аеродром, ве молам! тоа е значајна и крваво спечалена инвестиција, која заедно со срцето ни ја подари Груевски.

Ќе заплаче статуата на слободата во Њујорк, ќе се распарчи на милијарда зрнца Ајфеловата кула, кулата во Пиза ќе се струполи, Биг-Бен во Лондон ќе почне да отчукува забрзано, како поулавен, додека не замавне силно се до Бекингемската палата и не се удри од некој случаен столб, како паметник на ова неарно време.

Таму веќе пред Палатата ќе бидат грижливо распоредени цвеќиња и ливчиња со куку-леле песни, со кои ќе се простуваат сите од него, за последен пат, ох, не го спомнувајте тој збор- последен, кој три дена на раце го носевме збран, како да се “Очи” на Ацо Шопов, а не беа, а не беа проклетниците.

Психијатриски конзилиуми ќе го запоседнат светот за да понудат топол чај и кожна ракавица на секој што ќе одбие да си оди дома без Груевски.

Боб Гелдоф повторно ќе го направи Бенд Ејд, но ги нема повеќе сите оние кои ги сакавме за да се вклучат во обработка на песната “Черешна се од корен корнеше”: Фреди Меркјури и Дејвид Боуви, па дури и Мајкл Џексон, а за овој последниов никогаш не умиравме. А не остави и Алан Рикман, со Боуви отидоа на подобро место, само ние останавме запустени и утепани.

Не, јас не се потсмевам никому кој не може да се соочи со ужасната вистина дека Груевски повеќе никогаш нема да биде премиер, некогаш, којзнае кога. Еднакво би ме загрижило кога некој би липал и би се снеможувал тогаш кога Заев нема да стане премиер, кога ќе изгуби избори, кога ќе го снема од политичката сцена. Не велам дека Груевски и Заев се исти. Но, знаете што? Избришете ги солзите и не тагувајте за ниту еден политичар. Во такви случаи, особено тогаш, се пие најдоброто шампањско.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.