Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Излегоа и првите кредибилни анкети после дебатата кои го потврдуваат општиот впечаток дека Харис ја добила дебатата.

0
By Zoran Ivanov on September 14, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фактот што дури 14% од републиканците рекле дека Харис била подобра на дебатата и над 50% неопределени (само 17% неопределни рекле Трамп), кажува дека таа успеала да ја рашири својата потенцијална база на бирачи. Навлегла во двете клучни целни групи, неопределни и републиканци кои можеби се предомислуваат.

Никола Спасов

 Но, она што е важно во овие податоци, не е кој победил, туку дали успеал да ги подобри позициите кај клучните целни групи или да смени одредена негативна перцепција кај општата јавност.

Издвоив три важни анализи во овој контекст. Податоците подолу одат во прилог на тврдењето дека Харис не само што победила во дебатата, туку направила промена во изборното однесување и го зголемила базенот на потенцијални гласачи.

Во првиот графикон се одговорите на испитаниците пред и после дебатата на прашањето: „Кој од кандидатите подобро ги разбира проблемите на обичните граѓаните во Америка?“.

Пред дебатата, 39% Харис, 43% Трамп, по дебатата 44% Харис и 40% Трамп. Сумарно, Харис за 8% ја подобрила позицијата по ова прашање, далеку над статистичка грешка.

Ова прашање, кое инаку се користи како „прокси прашање“ за мерење рејтинзи, покажува дека Харис успеала со дебатата значително да се приближи до американскиот народ, да ги истакне своите компетенции но и разбирање за проблемите. Во целина овој сентимент е многу значање и е силен драјвер за гласање. По ова и нејзините политики ќе бидат подобро прифатени и слушнати.

Вториот графикон се одговорите на прашањето „Кој победи на дебатата?“ Како што кажав, за мене не толку значајно прашање, но еден аспект тука не треба да се занемари. Во политичките истражувања кои се коирстат за евалуација на потенцијални кандидати за избори, јас секогаш гледам кој од кандидатите поминува најдобро кај гласачите на спротивниот табор. Ако тие имаат донекаде позитивно мислење за некој кој е од друга партија, тоа значи дека тој има потенцијал да пенетрира и во тоа гласачко тело, односно има потенцијал за раст. И тоа е најдобар начин за селекција на кандидати.

Во тој контекст, фактот што дури 14% од републиканците рекле дека Харис била подобра на дебатата и над 50% неопределени (само 17% неопределни рекле Трамп), кажува дека таа успеала да ја рашири својата потенцијална база на бирачи. Навлегла во двете клучни целни групи, неопределни и републиканци кои можеби се предомислуваат.

И третиот графикон е од анкетата на Ипсос / Ројтерс и се однесува само на неопределените регистрирани гласачи. Тука Харис ја покачува својата предност од +4% пред дебатат на +8% после дебатата. Ова е во линија со претходниот наод и директна потврда дека допрела до оние кои најмногу му требаат на секој кандидат, неопределените.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.