Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Излезе од печат „Заборавениот јазик“ Вовед во разбирањето на соништата, бајките и митовите од Ерих Фром на македонски јазик во издание на „Гаврош“

0
By Ана Василевска on January 3, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
„Заборавениот јазик“ Вовед во разбирањето на соништата, бајките и митовите од Ерих Фром на македонски јазик во издание на „Гаврош“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На самиот крај на минатата година излезе од печат новиот наслов на издавачката куќа „Гаврош“,  „Заборавениот јазик“ Вовед во разбирањето на соништата, бајките и митовите од Ерих Фром во превод на Слободанка Марковска.

„Фром како еден од највлијателните мислители на модерните времиња, ни презентира инспиративна научна расправа за разбирањето на природата на искуството од соништата поаѓајќи од тезата дека тие се напишани со еден универзален јазик што луѓето во модерноста го заборавиле, а тоа е симболичкиот јазик.
Веруваме дека преводот на ова дело, првпат објавено во 1951 година, не само што ќе го зголеми фондот на научна литература во доменот на хуманистичките науки и психијатриска практика, туку ќе го пронајде патот до широк круг читатели или до сите нас што настојуваме подобро да се разбереме себеси и другите.“, пишува издавачот.

„Ако е вистина дека способноста за чудење е почеток на мудроста, тогаш оваа мудрост е тажен коментар за мудроста на модерниот човек. Колкави и да се придобивките од високиот степен на нашето литерарно и општо образование, ние сме ја изгубиле дарбата за чудење. Се мисли дека сѐ e веќе осознаено – ако не од нас лично, тогаш од некој специјалист чија работа е да го знае она што ние не го знаеме. Всушност, да се биде зачуден е непријатно, тоа е знак на интелектуална инфериорност. Дури и децата ретко се изненадуваат, или барем се обидуваат да не ни покажат кога ќе им се случи тоа; со годините, постепено ја губиме способноста за изненадување. Да се знаат точните одговори се чини дека е најважно; во споредба со тоа, да се постави вистинско прашање се смета за безначајна работа. Можеби токму ваквиот став е причината зошто една од најзбунувачките појави во нашето живеење – нашитесоништа – толку ретко предизвикува чудење и поставување прашања. Сите ние сонуваме; не ги разбираме сопствените соништа, а сепак се однесуваме како ништо чудно да не се случува во нашиот ум додека спиеме; чудно барем во споредба со логичките, целисходни активности на нашиот ум кога сме будни.“ (извадок од делото) 

„Заборавениот јазик“ ќе може да се најде низ книжарниците во земјава.

Ерих Фром Издавачка куќа „Гаврош“ Нова книга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.