Иранската новинска агенција „Фарс“ објави дека три експлозии се слушнале во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Ирански функционер изјави за Ројтерс дека немало ракетен напад и дека експлозиите се резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана но иранската државна телевизија објави дека нешто по полноќ „на небото над Исфахан биле забележани три дронови“.
Телевизијата подоцна соопшти дека ситуацијата во Исфахан е нормална и дека немало копнени експлозии.
Си-Ен-Ен пишува дека Израел го извршил нападот внатре во Иран, а тоа го изјавил американски претставник за оваа мрежа.