Министерството за внатрешни работи, утрово во период од 07:00 до 10:00 часот спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата, при што се санкционирани 78 возачи.
– На територија на СВР Тетово, се санкционирани 18 возачи, 16 на територија на СВР Охрид и 14 возачи на територија на СВР Скопје, информира МВР.
Од Министерството додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.