Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извлечени двете лица заглавени на траектот што се запали во близина на Крф, продолжува потрагата по 11 исчезнати

0
By Ivana on February 18, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Припадниците на специјалната единица за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба успеа да ги пронајде и спаси двајцата возачи на камиони кои со часови останаа заглавени во траектот што утрово се запали додека пловеше од Грција кон Италија, додека пак акцијата за пронаоѓање на 11 други лица, продолжува, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката крајбрежна служба, со помош на хеликоптер, специјалната единица се спуштила на бродот, ги пронашла двајцата патници, кои потоа, со хеликоптер Супер Пума на грчката воена морнарица биле пренесени на Крф.

Според грчките медиуми, спасените лица се возачи на камиони, едниот турски, другиот бугарски државјанин и постојано биле во контакт со надлежните служби за нивно лоцирање.

Министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис рече дека „гигантската операција за потрага и спасување резултираше со спасување на 278 патници и членови на екипажот“, кои веќе се на островот Крф.

-Во исто време продолжува потрагата за пронаоѓање на уште 11 исчезнати лица. Мислите на сите нас се со нив и со нивните семејства. По моја наредба веќе започна истрага за утврдување на причините за пожарот, додека во консултација со компанијата во чија сопственост е бродот, се преземаат сите неопходни активности за да нема загадување на морската средина, рече Плакиотакис.

Од грчката крајбрежна служба, попладнево соопштија дека по пребројувањето и идентификацијата на патниците пренесени на Крф „констатирано е дека се спасени 278 лица, меѓу кои и едно лице кое не било на официјалниот список на патници“.

Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на грчката и италијанската крајбрежна служби.

Причината за пожарот што избувна додека траектот пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса засега не е позната.

На „Euroferry Olympia“ што пловел под италијанско знаме, тргнал од Игуменица за Бриндизи, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.