Во Јагодина се повредени неколку лица, откако се случило пукање во кафеана.
Итната помош е на терен, јавуваат медиумите.
Настанот се случил во населбата Стрелишта во Јагодина.
Според првите информации, повеќе лица се скарале во кафеана, по што дошло до пукање, а повеќе лица се повредени.
Уште нема официјални информации, a информативни портали јавуваат дека има загинато најмалку едно лице, и неколку повредени.