Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаневска: Имам информации за десетина ученици што препишувале на првиот испит од државната матура

0
By Marija Todorovska on June 2, 2025 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 2, 2025 13:25

Десетина ученици биле отстранети од полагањето на првиот екстерен испит од државната матура во саботата зашто се обиделе да препишуваат од телефон, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Од информациите кои досега ги имам, бидејќи процесот се уште не е комплетиран, бројот на ученици што препишувале е значајно намален. Во моментов имаме информации за десетина деца кои се отстранети од тестирањето кои се фатени дека препишуваат од телефон. Информациите се собираат и за некој ден ќе бидат комплетни. Со оглед на тоа колку беа отстранети минатата година, сметам дека има напредок и очекувам секоја година тоа да биде се подобро и подобро, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на објектот во изградба за ОУ „Крсте Мисирков“ во Ченто.

Поради зајакнатите мерки за контрола, очекува бројот да биде уште помал на полагањето на вториот екстерен испит на 11 јуни кога, рече, ќе имаат информации за сите отстранети што препишувале, но дека „оваа бројка нема да биде многу поголема“.

Министерката повторно апелираше до учениците кои се обидуваат „да го излажат системот“ и да препишуваат, со порака дека тоа им штети ним, „а потоа и на сите други“.

Ризикуваат да изгубат цела година од животот или да влезат на пазарот на трудот или да го продолжат образованието, додаде Јаневска.

Над 15 000 ученици завчера полагаа прв дел од државната матура со тестот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, кој е задолжителен за сите матуранти.

Идната среда (11 јуни) матурантите ќе го полагаат вториот екстерен испит кој е по нивни избор. Најголем број пријавени (над 13 000) има за тестот по англсики јазик

Весна Јаневска државна матура препишување ученици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.