Издавачката куќа „Феникс”, во својата едиција „Аура” ја објави книгата „Јас сум гениј” од Салвадор Дали.
Тоа е автобиографска книга во која Салвадор Дали ги објаснува своите животни и уметнички постапки, комплексните основи на својата ексцентричност и бескрајната надреалистичка фантазија со која го одбележа сликарството во дваесеттиот век.
Преведувач на книгата е Ана Димова, а во неа се содржани неколку тематски целиникак: Тајниот живот на Салвадор Дали, Раѓањето на Салвадор Дали, Анегдотскиот авторитет, Детството, Младешкото доба, Каменото доба, Средбата со гала, Мојата борба и Повторно Париз.
Дали самиот за себе рекол: “Јас сликам слики што ме прават да умрам од радост, јас креирам со апсолутна природност, без и најмала естетска грижа, јас правам нешта што ме инспирира со длабока емоција и се трудам да ги насликам нештата искрено“.