Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јолевски: Оценивме дека Русковска треба да биде оддалечена од работа, за да не влијае врз текот на кривичната постапка

0
By Sashko on August 24, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ги ценевме сите жалбени наводи, го разгледувавме Решението, ги разгледаме сите работи, сите факти, сите околности за случајот и оценивме дека за време на кривичната постапка, со цел да се утврди фактичката состојба во врска со постапувањето при претресот, односно онаа анонимна пријава која се однесува на Финансиската полиција, јавната обвинителка, Вилма Русковска би требало да биде оддалечена од работа за да не влијае со своето присуство врз текот на постапката по тој предмет, а од друга страна да се утврди фактичката состојба по кривичниот предмет. Тие два предмета се меѓусебно условени и поврзани, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски по денешната седница на телото со кое раководи на која едногласно беше отфрлена жалбата на обвинителката Вилма Русковска за нејзина суспензија.

Тој потенцира дека, и покрај суспензијата на Русковска, Основното јавно Обвинителството за организиран криминал и корупција треба да ја продолжи и заврши постапката за она што се случувало од страна на Финансиската полиција. Но, истовремено изрази надеж дека Основното јавно Обвинителство во Скопје што побрзо ќе го заврши својот дел од работата, за ова оддалечување на Русковска да трае што е можно пократко.

„Основното јавно Обвинителство во Скопје што побрзо да заврши и ова оддалечување да трае што е можно пократко. Тие веќе собираат податоци и скоро ќе го завршат тој предмет, а со оглед дека оддалечувањето се однесува само за кривичната постапка додека ги обезбедат доказите од кои дел се обезбедени, а дел се побарани, мислиме дека ова оддалечување нема да трае долго време“, истакна Јолевски.

Според него, несоработката меѓу основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција со јавниот обвинител, доведе до тековната состојба.

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија до денеска нема добиено информација за сè она што се случувало во врска со претресот, ниту за доказите, освен она што тие го утврдиле при надзорот. За секој настан или пријавен, кој би побудувал интерес во јавноста, основните јавни обвинителства се задолжени да го известат јавниот обвинител, со цел координација во работењето. Овде не мислам да се меша во видот на одлуката, туку да биде запознат. На крајот на краиштата, хиерархијата наметнува таква комуникација. Во овој случај изостанала. Зошто било така, ќе се утврди во кривичната постапка. И ние сакаме да утврдиме зошто отсуствувала таква соработка меѓу основиот јавен обвинител со јавниот обвинител на Република Северна Македонија“, порача Јолевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.