ЈО ќе ја продолжи истрагата и ако дојде до сознанија дека се работи за организирано здружение или дека сторители се повеќе лица, ќе превземе соодветна постапка, истакна јавниот обвинител Љубомир Јовески во вечерашното гостување на ТВ Телма.
Тој истакна дека сега прво треба да се утврди кои се лицата што имале допир со овие документи, кои лица можат да ги креираат овие документи, како е поставена цела таа служба, кој, какви задачи и овластувања има во таа служба, кој ја носи одговорноста за функционирањето на таа служба и дали тоа постапување било во рамките на прописите што го регулираат внатрешното работење на МВР или отстапувано е од тие процедури.
Според Јовески, после овој предмет ќе треба да бидат направени сериозни соглeдувања на целиот систем за да се спречи повторно појавување на вакви случаи.