Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каевски: Новата Влада предводена од Ковачевски ќе обезбеди сигурна иднина за младите

0
By Ivana on January 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот од СДСМ Дарко Каевски во обраќањето на денешната собраниска седница, порача дека новата Влада предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски преку ефикасни и одговорни политики ќе обезбеди сигурна иднина за граѓаните, пред се за младите.

„Еден од главниот фокус на Владата на СДСМ се и младите. Спроведовме многу мерки за млади, но младите секогаш заслужуваат повеќе и очекуваат подобро. Затоа во владината програма е предвидено државата да плаќа придонеси за секое ново вработено младо лице до 29 години. Компаниите во партнерски однос со државата да продолжат и да го зголемат капацитетот на вложување во знаење и вештини преку практична работа, зголемување на опфатот на младинската гаранција, поврат на персоналниот данок на доход на сите млади до 30 години кои што се ново вработени. Понатаму, продолжување на отворање на младински центри кои што ќе ги има во секоја општина, се со цел делување и вмрежување на младите, како и локланите младински совети кои што ќе бидат во функција на креирање на политики на локално ниво за подобрување на условите на младите во општините.“ порача Каевски.

Тој посочи дека со реализација на Програмата на Владата ќе доведат до раст на минималната и просечната плата, како и дополнително намалување на стапката на невработеност.

„Минималната плата ќе продолжи да расте, Владата ќе инвестира во човечкиот капитал и вистински ќе го вреднува трудот на работникот, особено во услови на пандемија. Зголемувањето на минималната и просечната плата го јакне стандардот на граѓаните, го подобрува квалитетот на секојдневното живеење и ја стимулира економската активност. До крајот на мандатот на Владата , просечната плата ќе изнесува 34,000 денари.

Денес стапката на невработеност е на најниско ниво и изнесува 15,9%, стапката на невработеност до 2024 година се предвидува да достигне 11,4 проценти според планот за забрзан економски раст, до крајот на 2026 та година се очекува да биде 8,6%. “ заклучи Каевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.