Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како да се интегрира Балканот во ЕУ

0
By Борјан Јовановски on July 20, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот претседател на ЕК, Јункер во својот говор пред европските пратеници по неговиот избор на оваа престижна европска функција јасно стави на знаење дека во наредните пет години колку што ќе трае неговиот мандат нема да се случи прием на нови земји членки. Оваа неговата изјава коренспондира со очекувањата на европската јавност во која поддршката за процесот на проширувањето драматично опаѓа. 52 % од граѓаните на земјите членки на ЕУ во последното истражување направено на оваа тема во 2013 се изјасниле против проширувањето. Загрижувачки е и податокот што драматично опаѓа поддршката на овој процес во земји кои традиционално го поддржувале проширувањето како Италија и Шпанија. Ваквото расположение се рефлектираше делумно и во резултатот на последните европски избори кој на евроскептиците им овозможи да ги зајакнат своите позиции во Европскиот парламент.

Од друга страна доаѓаат и сигнали кои би можеле да охрабрат. Таква е најавата на канцеларката Меркел во август да организира конференција во Берлин на највисоко ниво со земјите од Западен Балкан. Охрабрувачки се пораките кои Меркел ги упати од конференцијата во Берлин. Многумина познавачи на европската политичка сцена сметаат дека овие изјави се јасен сигнал од највлијателниот центар во Европа како што е Берлин дека постои јасна волја да се заврши незавршената работа на континентот со последниот бран на проширувањето кој треба да се случи на Западниот Балкан.

Може ли и како да се заврши незавршената работа на Балканот беа прашања кои неделава ги отвори Хашкиот институт за глобална правда на панел на кој учествуваа влијателни познавачи на политичките состојби во Европа и на Балканот како поранешниот советник на Хавиер Солана, Штефан Лене, десната рака на поранешниот генерален секретар на НАТО во конфликтите на Косово и Македонија, Питер Фејт, Даниел Сервер од Центарот за трансатлантски односи, Димитар Бечев, директор на канцеларијата на Европскиот совет за меѓународни односи во Софија и директорката за Европа од холандското министерство за надворешни работи, Дафне Бергма. Панелот го модерираше амбасадорот Никола Димитров од Хашкиот институт за глобална правда.

Фактот што во наредните пет години нема да има прием на нови земји членки како што изјави новиот шеф на ЕК сам по себе не значи дека процесот на проширувањето е мртов бидејќи и во најдобар случај теоретски не е можно Црна Гора и Србија кои сега започнаа преговори би можеле да мината низ преговарачкиот процес за тие пет години и да станат земји членки, смета Штефан Лене. Она што е поголема дилема е што да се прави во тие пет години за да се врати кредибилитетот на ЕУ на Балканот а со тоа и нејзиното влијание како трансформациска сила а со цел да се спречат трендовите на застој па и назадување на демократските процеси во земјите од регионот.

Поголемиот дел од говорниците на панелот се согласија дека во моментот двете страни како ЕУ така и балканските лидери во главно желбата за интеграција ја држат на реторичко ниво и блеф поради што се поочигледен станува јазот меѓу декларациите и реалноста.

Реформските заложби на земјите од Западен Балкан се повеќе декларативни. За да се обезбеди вистински реформски процес Штефан Лене смета дека е најдобро да се одпочне преговарачки процес со сите земји од регионот без да се спупштат критериумите и без да се ватува датум за пристапување. Преговарачкиот процес е најсилната алатка за реформи и трасформација на институциите, нагласи Штефан Лене.

Потребен е нов пристап и нова методологија која ќе ги мрдне работите од мртвата точка.
Питер Фејт и Димитар Бечев зборуваа за тоа дека ЕУ откако ги санираше точките кои беа потенцијална закана за стабилноста и мирот односите со балканските држави ги сведе на техничко и бирократско ниво при што се изгуби суштината на интеграцискиот процес каква што е имплементацијата на вредностите и принципите на кои е изграден и квалитетот на ЕУ.

ЕУ на Балканот треба да бара не луѓе со цврста рака тука силни демократски институции како партери во интеграцискиот процес.
ЕУ треба многу посилно да се ангажира и да се инволвира во реформата на демократските институции а не целиот процес да го следи само технички, вели Штефан Лене.

За Питер Фејт важно е европските институции многу поефикасно да се инволвираат во обезбедувањето на владеењето на правото. Во тој контекст Фејт како поранешен висок претставник на ЕУ на Косово, потсети на многуте случаи на корупција откриени од страна на ЕУЛЕКС кој како што рече немале никаква разврска.

Во овој контекст Даниел Сервер ја коментираше изјавата на Викторија Нуланд за клептократијата која им штети на демократските процеси во регионот упатена до земјите од Балканот. Според Сервер американската администрација нема голем интерес за Балканот но со оваа изјава на Нулан, Вашингтон става на знаење дека ако Балканот не му е во приоритетите тоа не значи дека не знаат што се случува на теренот.
Даниел Сервер нагласи дека за САД Балканот не е ни во првите 50 на листата на приоритети и дека тој регион е работа на ЕУ . Доколку ЕУ има потреба од помошта на Вашингтон за да се завршат работите на Балканот, американската администрација секако ќе излезе во пресрет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.