Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Како да се упокои вампир“ во издание на Или-или

0
By on June 1, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска, во рамки на традиционалното саботно мени во книжарницата „Или-или“ по намалена цена може да ги набавите романите „Како да се упокои вампир“ од Борислав Пекиќ и „Светот“ на Хуан Хозе Милјас.

Романот „Како да се упокои вампир“, базиран на личните искуства на Пекиќ од неговата петгодишна робија, е напишан во 1977 година, а објавен е како победник на анонимен конкурс за најдобро прозно дело. Веднаш по откривањето на идентитетот на авторот, романот е забранет и, иако доживува превод на многу странски јазици, на српски е ре-објавен дури во деведесеттите години на минатиот век.
Пекиќ во ова свое дело прави обид да одговори прашањето: Постојат ли големи идеи за кои вреди да се убива?
Борислав Пекиќ (1930-1992) е еден од најзначајните и најценетите српски интелектуалци на дваесеттиот век. Автор е на голем број драми, раскази, филмски сценарија, есеи, мемоарски книги и записи, а централно место во неговиот голем опус заземаат неговите романи „Беснило“, „Атлантида“, „1999“, „Време на чуда“, „Златно руно“ (во 7 тома) и „Како да се упокои вампир“. Заради своите политички ставови, Пекиќ бил апсен, затворан, а подоцна и прогласен за persona non grata во Југославија. Од 1971 година живее во егзил во Лондон, а неговите дела се забранети за објавување, така што поголемиот дел од неговите книги се објавувани под псевдоним, илегално или постхумно.

Хуан Хосе Милјас (1946) пак, е роден во Валенсија. Творештвото го започнува во 1974 год. со деби-романот “Кербер се сенките”. Автор е на следниве романи: “Нередот на твоето име”, “Визијата на давеникот”, “Празната градина”, “Самотијата е ова”, “Враќање дома”, “Мртва буква”, “Азбучен ред”, “Две жени во Прага или Лаура и Хулио”. Милјас е творец на т.н. „articuentos“, критичка литература на границата меѓу новинарски напис и расказ, која третира општествени теми, размисли или проблеми кои се јавуваат во меѓучовечките односи. Добитник е и на книжевните награди “Сесамо”, “Надал” и “Примавера”, а за романот “Светот” ја добива наградата “Планета” во 2007 година. Редовно пишува репортажи и написи во дневниот весик “Ел Паис” и во весниците на групацијата “Пренса Иберика”, за што добива и значајни награди.

Ништо не е поблиско до нас самите од приказна на Хуан Хосе Милјас. Истовремено ништо не е поизненадувачко, полно со напнатост, со невообичаени ефекти и апсурдни ситуации кои се испреплетуваат со неумолива логика: логика на хаосот, носталгија за загубеното чувство на единство, катастрофална потреба да се живее во апокалипса. Романот Светот предизвикува задоволство благодарејќи на ефикасната и прецизна проза, го поведува читателот да се забавува, но истовремено потврдува дека светот е, несомнено, непријателско место во кое сите се прилагодуваме онака како што умееме

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.