Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како до постигнување мир во новата мултиполарна доба

0
By Zoran Ivanov on August 31, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јас неодамна предложив 10 принципи за постигнување траен мир во 21 век, кои се надоврзуваат на петте кинески принципи за мирен соживот, како и дополнителни пет практични чекори, со што имаме мешавина од конфучијанска етика и институционализам. Мојата идеја е да се искористат етиката на соработка и практичните придобивки од меѓународното право и од Повелбата на ОН.

Џефри Д. Сакс

Наша најголема надеж е постоењето на вистински мир меѓу големите сили. Овој мир би се засновал на заедничкото признание дека не може да има хегемон и дека за општото добро е потребна активна соработка меѓу големите сили.

Откако Советскиот Сојуз се распадна во 1991 година, претпоставката на САД беше дека тие ќе имаат доминантна улога во светот и дека ќе биде незаменлив хегемон. Сепак, ваквиот американски „униполарен“ момент се покажа дека има краток рок на траење. Имено, геополитичката доминација на САД заврши со подемот на Кина, со закрепнувањето на Русија од периодот на распадот на СССР и со брзиот развој на Индија. Сега пред нас е новата мултиполарна доба.

САД сè уште бијат битка за тоа тие и понатаму да бидат светски хегемон, но тоа претставува заблуденост и е однапред осудено на неуспех. САД не се во позиција да го предводат светот, дури и ако остатокот од светот го сака тоа, што не е случај. Уделот на САД во светското производство (според меѓународни цени) изнесува 16% и бележи тренд на опаѓање, а претставува намалување за околу 27% во споредба со 1950 година и 21% во споредба со 1980 година. Уделот на Кина, пак, е 19%. Производството на Кина е приближно двојно поголемо од американското, а Кина е ривал на САД кога станува збор за најсовремените технологии.
Соединетите Американски Држави се исто така премногу проширени во воена смисла, и имаат околу 750 воени бази во странство кои се лоцирани во 80 земји. САД се инволвирани во долготрајни војни во Јемен, Израел-Палестина, Украина, Сирија, Либија и на други места. Војните на САД и желбата да се биде хегемон се финансираат преку задолжување, вклучително и со задолжување кон силите-соперници како што е Кина.

Дополнително на тоа, буџетската политика на Америка е парализирана. Богатите се оние кои ги финансираат политичките кампањи и сакаат пониски даноци, додека сиромашните, пак, сакаат поголеми социјални издатоци. Како резултат на ваквата ситуација имаме ќор-сокак кој се карактеризира со постојани буџетски дефицити (кои сега изнесуваат повеќе од 5% од БДП). Јавниот долг денес се зголеми на 100% од БДП, во споредба со околу 35% од БДП во 2000 година.

САД успеваат да одржат технолошка динамика во области какви што се вештачката интелигенција и дизајнирањето на микрочипови, но сепак Кина многу брзо фаќа чекор со американските иновации и тоа преку ширење на знаењето и напредокот кои се иницирани од Кина. Поголемиот дел од зелениот и дигитален хардвер во светот (вклучувајќи тука напредни соларни модули, турбини на ветер, нуклеарни централи, батерии, чипови, електрични возила, 5G системи и пренос на струја на долги растојанија) се произведува во Азија, при што голем удел има Кина, или, пак, станува збор за синџири на снабдување во кои доминира Кина.

Со оглед на своите буџетски дефицити, САД ги избегнуваат финансиските оптоварувања кои се однесуваат на лидерството во глобални рамки. Поточно, САД бараат од сојузниците на НАТО тие самите да си ја платат воената одбрана, а од своја страна САД се сè поскржави кога станува збор за нивниот придонес кон системот на ОН во однос на финансирањето на климата и развојот.
Накратко кажано, додека САД се залажуваат дека и понатаму се светски хегемон, ние веќе живееме во мултиполарен свет, што го наметнува прашањето што треба да значи таквата нова мултиполарност. Тука има три можности.

Првата, и тоа е нашата сегашна траекторија, е континуираната борба за доминација меѓу големите сили, при што САД им се спротивставуваат на Кина, Русија и на другите. Водечкиот американски научник за надворешна политика, професорот Џон Меарсхајмер, излезе со теоријата за „офанзивен реализам“, според која големите сили неизбежно се борат за доминација, но притоа последиците можат да бидат трагични и тоа во форма на разорни војни. Се разбира дека наша задача е да избегнуваме да се случат такви трагични исходи, а не да ги прифаќаме како судбина која ни е пишана.

Втората можност е несигурниот мир кој се одржува преку постоење рамнотежа на силите помеѓу големите сили, кој понекогаш се нарекува „одбранбен реализам“. Бидејќи САД не можат да ги победат Кина или Русија, и обратно, големите сили треба да го задржат мирот избегнувајќи меѓусебни директни конфликти. САД не треба да се обидуваат да го втурнат НАТО во Украина, имајќи ги предвид големите противења на Русија, ниту, пак, САД треба да го вооружуваат Тајван поради бурното противење на Кина.

Севкупно земено, големите сили треба да дејствуваат внимателно и да ги избегнуваат меѓусебните црвени линии. Секако дека ова е добар совет, но тој не е доволен. Рамнотежата на моќта се претвора во нерамнотежа и го загрозува мирот. Концертот на Европа, како што се нарекува рамнотежата на моќта која постоела помеѓу големите сили во Европа во 19 век, на крајот им подлегнал на промените во рамнотежата на моќта кои се случиле на крајот на 19 век, што доведе и до Првата светска војна.

Третата можност, која американските лидери ја презираа во изминативе 30 години, но која претставува наша најголема надеж, е постоењето на вистински мир меѓу големите сили. Овој мир би се засновал на заедничкото признание дека не може да има хегемон и дека за општото добро е потребна активна соработка меѓу големите сили. Овој пристап има неколку основи, меѓу кои се идеализмот (свет заснован на етика) и институционализмот (свет заснован на меѓународно право и на мултилатерални институции).
Одржлив мир е можен. Ние можеме многу да научиме од долготрајниот мир кој преовладувал во регионот на Источна Азија пред доаѓањето на западните сили во 19-от век. Во својата книга „Кинески космополитизам“, филозофката Шучен Сијанг го цитира историчарот Дејвид Канг, кој забележал дека „од основањето на династијата Минг до опиумските војни – односно од 1368 до 1841 година – се случиле само две војни меѓу Кина, Кореја, Виетнам и Јапонија. Станува збор за нападот на Кина на Виетнам (1407-1428) и за нападот на Јапонија на Кореја (1592-1598). Долготрајниот мир во Источна Азија беше уништен со британскиот напад на Кина во Првата опиумска војна, 1839-1842 година, и со конфликтите што следуваа потоа помеѓу истокот и западот (а подоцна и со кинеско-јапонските конфликти).

Ваквиот мир, кој во Источна Азија траел речиси половина милениум, професорката Сијанг им го припишува на конфучијанските норми на хармонија што ја поткрепуваат државноста на Источна Азија, за разлика од борбата за хегемонија што го карактеризирала државното уредување на Европа. Д-р Жан Донг, експерт на темата креирање на надворешната политика на Кина, истакнува слични вакви разлики што постојат помеѓу кинеската и европската државност во својата книга „Кинеската државност во свет што се менува: демистифицирање на трајните традиции и динамички ограничувања“.

Јас неодамна предложив 10 принципи за постигнување траен мир во 21 век, кои се надоврзуваат на петте кинески принципи за мирен соживот, како и дополнителни пет практични чекори, со што имаме мешавина од конфучијанска етика и институционализам. Мојата идеја е да се искористат етиката на соработка и практичните придобивки од меѓународното право и од Повелбата на ОН.

Имајќи го предвид претстојниот настан во месец септември во ОН во однос на Самитот за иднината, ја испраќаме следнава клучна порака: Ние не сакаме хегемон ниту, пак, таков ние е потребен. Нам не ни треба рамнотежа на силите која премногу лесно може да се претвори во нерамнотежа на силите. Нам ни треба траен мир што е изграден врз етиката, заедничките интереси и меѓународното право и институциите. Линк

Пренесено од Слободен печат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.