Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како нормалните луѓе стануваат нацисти!?

0
By Zoran Ivanov on August 17, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нека го облетаат десет пати светот. Насекаде ќе наидат само на бучава на механичкото ништавило. Се до денот, многу пострашен од денот на најлошата одмазда, кога конечно сопирајки се, ќе сфати дека за нив никаков триумф не е вреден ниту колку најнезначајната човечка стварност што ја убија. Затоа што не знаеја што прават.” Јас би додал: А, можеби, токму затоа што знаеја.

Бранко Тричковски

Во “Дневникот од Германија” од 1938 година, Дени де Ружмон пишува за појавата на нацизмот: “Ги гледав моите студенти како стануваат нацисти. Гледав како физички се менуваат. Добиваа тврд изглед, објективен поглед, бледило во лицето, отежнатост на долниот дел од образите, по што веќе на прв поглед се препознаваше нацистичкиот шеф. Колку и да ви изгледа тоа малку сериозно, ве уверувам дека тогалитаризмот е вирус и ако го добиете нема да можете повеќе да се ослободите од него.”

Јас исто така гледам како луѓето, кои во Македонија го диктираат општиот дискурс, се менуваат според описите на Дени де Ружмон. Најистакнатите вморони добиваат тврд изглед (Панче, Мицко, Антињо, Лугњата, дури и Кикифрики се труди) бледи се, со објективен поглед, со спуштен долен дел на образите. Безизразни луца, без гримаси, без чувства за тоа што го говорат, бидејки не говорат туку мумлаат за среќата и усеинските рекорди на макединската осакатеност.

Тие се карикатури на нацистите, можеби одат на пластична хирургија за да изгледаат како нацисти и да бидат страшни за луѓето, но зад пудрата, силиконите и другите шминки, се гледаат простаци кои кога ќе се исклучи камерата, одат во веце и си се смеат самите на себе.

Тоа не значи дека не се опасни. Но, што да се каже за нив ако за еден Хитлер, истиот овој генијалец, значи, Дени де Ружмон, во колумната “Во овој час или Париз”, во “ Газета Лозана,од 15 јуни 1940, само час по влегувањето на Хитлер во Париз, напишал.

“Станува збор за трагичната немоќ на тој славодобитен победник: се што сака да приграби се менува со неговото приоѓање- крал Мида на пролетерското доба- во искривено железо и куп губаво камење…”

Нели е ова слика на Путун и Трамп, но и на Вучиќ и на нашата несреќа, Мицко?

“Вчудовидувачката конфронтацијата на овој човек и оваа земја”, продолжува Де Ружмон, “можеби беше потребна за да може целиот свет да сфати дека победите се невозможни. Не ги освојуваме подароците на душата и причините за живот што ни недостасуваат, со коли. Нека го облетаат десет пати светот. Насекаде ќе наидат само на бучава на механичкото ништавило. Се до денот, многу пострашен од денот на најлошата одмазда, кога конечно сопирајки се, ќе сфати дека за нив никаков триумф не е вреден ниту колку најнезначајната човечка стварност што ја убија. Затоа што не знаеја што прават.”

Јас би додал: А, можеби, токму затоа што знаеја.

Читај Христијане, а и ти Горданче, остави ги за момент тоа марулите, можеби нешто ќе научите. А и народот што не го сакам, не е лошо да се симне од радиоактивните телевизии и разноразните портали и профили во анфас и да читне нешто.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

бранко тричкоивски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.