Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како се претвораме во дводимензионални лица на риби-стрвождери

0
By Zoran Ivanov on October 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија беше на пат да се опреми со вечен имунитет во однос на смртта да не беа чипираните идиоти од вмро-дпмне. Тој мутант на смртта кој не реагира на вакцината што ја примивме. Мораме пак да се испружиме на масата на Историјата и да платиме за ново пелцување. Ттреба да се плати.

БранкоТричковски

Измислени рајови во замена за вистински жртви!

Тоа е понудата на вмро.

Да му дадеме време на времето.

Да не ебе!

Што може друго да прави времето кое има време со Македонците кои се како стадо овци на кои им е потребен само еден бордер коли.

Некој злобен празноглавец со титулата прајминистер, на пример.

И сексуално да ги општи.

Во мозокот.

Тука им е ерогената ге точка.

Хармонизирањето на Македонија со себе, преку повеќе уставни промени, внатрешни (Охрид) и меѓународни договори (Преспа, Бугарија, Рамката) и преку промена на релативните односи на моќта во корист на Албанците, бароузовски речено, беа контролирано внесување на смртта во себе- вакцинација со неа во мали дози, за да може организмот да произведе анти-тела и да ја направи имуна.

Македонија.

Тоа беше тоа, а не помор на македонскиот род како што тврдеа академските глупаци од ману и политичките идиоти од вмро.

Помор со кој го хистеризираа народот и му ја одзедоа деловната способност разумно да учествува во политичките процеси.

Македонија беше на пат да се опреми со вечен имунитет во однос на смртта да не беа чипираните идиоти од вмро-дпмне.

Тој мутант на смртта кој не реагира на вакцината што ја примивме.

Мораме пак да се испружиме на масата на Историјата и да платиме за ново пелцување.

Се треба да се плати.

Нема ништо бесплатно, а ако има тогаш е тоа безвредно (Селин).

Најдобра нова вакцина може да се произведе од болни комитски келии.

Како змијски серум.

Оздравувањето со нова вакцина вклучува смрт на ќелиите што се зависни од вморонскиот џанк и нивна замена со келии на кои џанакот не им е потребен (Бароуз).

Во една парафраза на Дејвид Кроненберг (Гол ручек, филм од 1991) на кого ме потсети еден стар прилог на Дејан Огњановиќ, може да се каже дека Македонецот не смее да подлегне на искушението да избегнува да ја кажува вистината само затоа што знае дека она што го создава би можело да му се врати и да го опседнува.

И дека средината на простаците и сељаците ќе го заебаваат.

Ќе го маргинализираат.

Или ќе го ликвидираат.

Да се види состојбата на нештата е опасна работа.

Да се говори за тоа е- уште поопасно.

А Македонецот е страшливо битие.

Најмногу се плаши од стравот.

Односно од себе.

Но, за нас нема друго, другари драги.

Пишувањето е искушување на ѓаволот: ритуал на признавање и, евентуално истерување.

Така мора да биде и со политиката која сака да се занимава со решавање на реалните проблеми во рамките на реалните ресурси и за отворање на перспективи.

Во суштина мораме да се тепаме со нашиот Без Дух. Исходот е неизвестен. Но, мораме да направиме се за да се ослободиме од вмро.

Тоа е опачината на нашиот дух кој го претворивме во лице.

Глупаци.

Тоа е ѓаволот што мораме да го истераме од себе.

Значи или ќе бидеме луѓе или идиоти кои го затвораат хоризонтот.

Трупови.

Производители на мртва тишина што излегува од нашите затнати говорни и мисловни центри.

Безизразни дводимензионални лица на риби- стрвождери.

Домородци.

Последните Македонци.

Кои ќе ги полијат со бензин и запалат.

Како децата (Бароуз) кои со бодликава жица врзувааг за столбот гол идиот, му палат оган меѓу нозете и во својата занесеност ѕверски се кезат додека огнот му ги лиже бутините, а месото се штреца на огнот како инсект во смртните часови.

Ова е огнена метафора на македонската смрт правена со помош на господинот Вилијам, и таа по природата на нештата ги пренагласува состојбите, но нека тоа не ве олабавува во смисла дека ќе се спасиге ако ќутите додека ве ебат во мозокот и ако поради војните во светот, тука снема бензин.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.