Пишува Стеван Дојчиновиќ, главен и одговорен уредник на krik.rs.
Само што заврши панелот на Форумот кој го организираше Европската Унија, на кој зборувавме за тоа дека во многу земји постојат таканаречени „владини невладини организации и аналитичари“, кога видов дека таква екипа истиот ден имала посета на Европскиот парламент.
W/ #FriendsOfSerbia group we host the presentation of #QuaterlyMediameter research report & #debate w/ factual numbers about situation in #SerbianPrintMedia #LetsMakeProgress #SerbiainEU @PavelEmilian @AndorDeli @davidmcallister @andreykovatchev @isoltesEP pic.twitter.com/ZmW5OM8aeT
— Franc Bogovič (@Franc_Bogovic) December 5, 2017
Под „владини невладини организации“ се мисли на оние невладини организации кои не ја исполнуваат својата улога – да работат независно од власта, да бидат „куче чувар“ на граѓаните од самоволието на власт, да укажуваат на клучните проблеми во функционирањето на државата и општеството…
Таква екипа пристигнала во Брисел, во исто време кога и јас, да го претстави својот извештај за мониторинг на медиумите кои судејќи по се, не се прикажани проблемите со кои се соочуваат новинарите во Србија, а за кои е одговорна власта – туку се обидува да ја тргне одговорноста од оние кои ја водат Србија.
Така, екипата која ја предводеа Владимир Чургуз Казимир и Деја Вук Станковиќ, дојде да го претстави извештајот кој го направиле во рамки на проект на невладината организација Институт за јавна политика, на која директор е контроверзниот Владимир Поповиќ.
Извештајот не може да се најде на сајтот на Институтот, но по она што е објавено во јавноста, овие експерти се обиделе да ја докажат тезата која претходно во Брисел ја изнесе премиерката Ана Брнабиќ – дека во Србија постојат медиумски слободи и дека постојат медиуми кои се за и против власта, кои се еднакви и практично тоа нема никаква врска со власта туку самите медиуми, сите заедно се залудени и лоши.
Ова секако не е точно, а е и невозможно вистински да се докаже.
Така Чургуз Казимир и Вук Станковиќ го искористија веќе изнесениот аргумент на премиерката. Таа како доказ за слобода на медиумите го навела тоа дека мнозинството од неделниците пишуваат критички за Владата. Така и екипата на Владимир Поповиќ во Брисел од една страна ги покажала неделниците како пример за критика на влста, а од друга страна мнозинството дневни изданија како пример на медиуми кои ја поддржуваат власта.
Меѓутоа, тука не може да се направи еднаквост.
Она што премиерката го премолчила, а судејќи по се и овој тим од Брисел, е податокот за продажбата на тие изданија. Така, неделниците во Србија се продаваат во тиражи до 5.000 примероци, додека дневните весници се продаваат во тиражи кои се бројат во десетици илјади примероци. Сите неделници заедно не продаваат колку таблоидот Информер за еден ден (120.000 примероци). Веројатно тоа е една од причините поради која неделниците не потпаднаа под цензура како дневните весници, затоа што не претставуваат сериозен проблем за власта.
Да не зборуваме за тоа дека и квалитетот на содржина е потполно различен во овие две групи и дека не може да се споредува, како и дека анализата на телевизиската програма е многу позначајна за да се дознае за медиумите во Србија. Кога зборуваме за медиумските слободи, а каде јасно се гледа улогата на власта, мора да се напомене дека и парите од јавниот буџет најмногу се доделуваат на провладините таблоиди, дека многу закани и напади на новинарите не се решаваат, додека истовремено во пресметка со новинарите се користи Разузнавачката агенција, но и Даночната управа.
Во секој случај, екипата поентираше со својата презентација во Европскиот парламент. Имаа и фенси средена презентација и изнесоа многу информации кои ги фасцинираа домаќините, а пред се парламентарецот Франц Боговиќ, кој рече дека „работата ја направиле коректно“.
Подоцна, самиот Боговиќ на Твитер го кажа ова, но и за кого работат луѓето кои беа во посета.
Директорот на Институтот Владимир Поповиќ, човек близок до властите и во Србија, и Црна Гора. Се поставува прашањето како може да води невладина организација која треба ладно и критички да ја анализира ситуацијата во земјата.
Има поважни работи кои се чинат несоодветни за неговата позиција, како нападот на членовите на другите невладини организации. Пред се, неговото учество во бизарната хајка која се водеше против Вања Чаловиќ, директорка на црногорската антикорупциска невладина организација МАНС.
Чаловиќ беше нападната од таблоидите, бесрамно ја обвинуваа дека имала секс со куче, а Поповиќ дури и јавно изјави дека порно снимката од сексот со животно ја испраќал на сите што ги знае и тоа „со уживање“. Курир го објави неговиот мејл во кој го поттикнува таблоидот да ја објават снимката. Поповиќ без ниту еден доказ тврдеше дека на снимката е Чаловиќ, објаснувајќи дека некои луѓе така му кажале.
Поповиќ дури и го изгуби европскиот грант кој неговата организација го имаше добиено, откако дури 52 невладини организации се пожалија во Брисел.
Да не ја споменуваме неговата врска со контроверзниот бизнисмен Станко Суботиќ, во чиј стан ја основаше својата невладина организација, и останати афери.
Ова се работи, поради кои со причина треба да се сомнева во наводите на организацијата на Поповиќ.
Еден од оние кои го испрати во Брисел, Вук Станковиќ не влева доверба дека може да направи објективна анализа. Тој е чест соговорник во текстовите на Информер, во кои често со „лажни вести“ го напаѓа невладиниот сектор во Србија, новинарите и опозицијата, а ја брани власта.
Токму во денот кога го посетија Брисел, Информер на насловната објави: „Нова закана од Брисел: ЕУ и Хрватите го грабаат Апатин“.
“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

