Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каков човек е новиот Папа?

0
By on March 14, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Човекот кој ќе се пресели во папската резиденција од 10 соби, во внатрешноста на засводените порти на Светата Столица, досега живееше во едноставен, строго наместен стан спроти катедралата во Буенос Аирес.

Во градот со вкус за луксуз и статус, тој често сам ги подготвува своите оброци и се откажал од лимузината што му следува според неговата висока функција, па се возел во „еl micro“( аргентински израз за автобус).

Верен, конзервативен и посветен припадник на редот на Језуитите во социјално најпрогресивната нација во Латинска Америка, кардиналот Хорхе Марио Бергољо, сега папата Френсис, е производ на речиси соломонскиот избор од страна на поглаварите на црквата.

76-годишниот папа доаѓа од една земја и континент, каде што некогаш моќниот глас на црквата се’ повеќе ја губи силата и тлото под нозете – слично како во Европа – на бранот на попопустливите и попрагматични вери и брзо-растечкиот секуларизам.

Тој и’ дава глас на црквата, која, со неговиот избор за папа, станува центар каков што југот никогаш не бил. Но, првиот папа од Латинска Америка е исто така културен мост меѓу два света – син на италијански имигранти во Аргентина, земјата која што заради масовната имиграција ја доби репутацијата на „Нов свет“, колонија каква што Италија никогаш немала.

За многу Италијанци, неговото потекло е следното најдобро нешто, а тоа е враќањето на папскиот престол на еден италијански папа.

Како кардинал, Бергољо беше жесток критичар на социјално прогресивните движења, вклучувајќи ги и хомосексуалните бракови, што претставува континуитет на конзервативната доктрина на Бенедикт Шеснаесетти. Сепак, другите негови атрибути – како шампион на социјалната правда и на сиромашните, кој зборуваше против злото на глобализацијата за време на аргентинската економска криза од 2000 година – го прави тешка мета за нападите на прогресивците.

Тој, исто така, претставува враќање на старата школа на католички лидери кои се смирени, кои зборуваат со тивок глас, свештеници кои секогаш се блиску до своите верници и се нивен пример.

“Тој знае како да се качи во градски автобус. Кога стана кардинал на Буенос Аирес, тој се преселил од својот голем импресивен дом во скромен стан. Тој има чувство за социјална правда, но тоа може да биде прилично конзервативна доктрина “, вели свештеникот Роберт Пелтон, директор на концернот на цркви на Латинска Америка, на Универзитетот во Нотр Дам.

“Тој е едноставна личност”, изјави Пелтон. “Факт е дека тој има чесност и едноставност што е сосема невообичаено кај јавните личности на нашето време.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.