Гордан Калајџиев: Извештајот на Европска комисија во кој е констатиран недостаток на напредок во борбата против корупцијата и судските реформи во земјата, претставува јасен прекор до Власта за начинот на кој ја третира правната држава.
Не постоио вропска држава каде извршната власт би си дозволила отворено да ги напаѓа или да влезе во војна со судиите и обвинителите, да ги обвинува како да се тие најголеми криминалци и со тоа сама да влијае на паѓањето на довербата во судството и системот во целина.
Тоа е поразително, бидејќи како што паѓа довербата, така расте ефикасноста на системот. Гледам тука прекор кон Власта која како да не го разбрала … Кај нас, иако долго време имаме повеќепартиски систем заснован на правна држава, владеењето на правото тешко го разбираат сите власти, а трите на ВМРО‑ДПМНЕ посебно се на некој начин антиталенти во оваа сфера.
Едноставно не разбираат како функционира правната држава и владеењето на правото, а најавите за персонални напади врз судии и обвинители што не им се блиски на власта, се загрижувачки.
